Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Членовите на комисијата за ревизија на историјата формирана по договорот од Преспа не откриваат што работат

Парите кои ги земаат од буџетот биле оправдани, бидејќи работеле многу, иако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парите кои ги земаат од буџетот биле оправдани, бидејќи работеле многу, иако не можеле да откријат за што преговараат или пак што сработиле досега, за Алфа ТВ велат дел од членовите на мешовитиот интердициплинарен комитет, познат како комисија за историски и образовни преговори со Грција.

Професорот на институот по историја, при филозофскиот факултет во Скопје, Далибор Јовановски, појаснува дека на овие комисии им се потребни години, некогаш и децении. Па дури и тие да не излезат со препораки, некој друг состав на комисијата ќе го направи тоа.

  • „Си работиме постојано, ако има препораки, јавноста ќе биде известена. Никој не работни надвор од нашите научни и национални интереси, треба да бидат смирени луѓето, бидејќи вакви комисии работат со децении.“ – Изјави проф. д-р. Далибор Јовановски, член на комисијата за историски и образовни прашања со Грција.

Тој додава дека се во постојан контакт со грчките колеги и оти материјалот за работа им е многу обемен

Реклама
  • „Немојте да мисли народот, што нормално е, по се што се случи во односите со соседите, особено ова со Бугарија, да се луѓето вознемирени. Никој не може да оди надвор од нашите интереси или недајбоже ние да криеме ако нешто решиме, да не ја известиме јавноста. Тоа е прво неморално, второ е неетички.“ – Додаде тој.

За разлика од професорот Јовановски, неговиот колега Никос Чаусидис одби да одговори на прашањата околу транспарентоста на нивната работа. Порача оти за истражувањата на Алфа, ќе одговорат со заеднички став, ако воопшто решат тоа да го направат.

  • „Бидејќи доста сте активни во последно време, ние прво ќе поразговараме како група, па потоа ќе реагираме, односно, ќе видиме каков став ќе заземеме“ – Ни посочи проф. д-р. Никос Чаусидис, член на комисијата.

Неговата колеги, професор Ана Чупеска, како и професорот Људмил Спасов, не насочија став да побараме од предводникот на ова тело, дипломатот Виктор Габер.

  • „Во врска со работата на комисијата, овластен да дава изјави е Претседателот, амбасадор г-дин Виктор Габер.“ – Одговри проф. д-р. Ана Чупеска.
  • „Во согласност со правилата во врска со работата на ЗИКЕ, овластени да даваат изјави се МНР и претседателот на македонскиот дел на Комитетот, амбасадорот г-дин Виктор Габер.“ – Ни пиша проф. д-р. Људмил Спасов.

Но, претседателот на комисијата, Виктор Габер, не се одважи да одговори на нашите телефонски јавувања и писмени дописи, со цел да ја оправда платата која ја зема од граѓаните.

Инаку, истражувањата на ТВ Алфа неодамна покажаа дека ова тело од буџетот троши нешто над 7000 евра секој месец, повеќе од 60 месеци, само за плати на членовите, но, без опипливи резулати или информации за нивната работа, бидејќи министерството за надворешни работи на Османи, неуморно се обидува да ги сокрие. За нивната работа изминатите 5 години, државата има потрошено скоро половина милион евра. Последно што излезе од оваа комсија беше менувањето на таблите на споменици во центарот на Скопје, каде беше додадено дека тие се дел од хеленистичката култура.

Никола Цветкоски