Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Четири текстилни компании во Штип ги затворија погоните, 130 луѓе останаа без работа

За два месеци клуч на врата во четири текстилни компании во Штип,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За два месеци клуч на врата во четири текстилни компании во Штип, поради што 130работници во пресрет на новогодишните празници останаа без работа. Причина за затварањето е немањето на налози, а странските партнери поради евтината работна сила, своето производство го префрлиле на Блискиот Исток. Најголем дел од работниците потпишале спогодба, а само осум работнички не потпишале ништо. За нив се води постапка за да остварат право на испратнина согласно нивниот работен стаж.

  • „Само во едната компанија, скоро 80%потпишаа спогодба, за останатите ние ја следиме постапката и ќе бараме да се исплати испратнина и се она што им следува на работниците, односно К-15, плата, деновите од годишниот одмор. Треба се да биде чисто за тие да си поднесат ликвидација или стечај„ изјави Кристина Ампева од здружението Гласен текстилец.

Според Ампева, состојбата во текстилната гранка во моментот не е загрижувачка и засега нема најави за затварање на други конфекции во Штип или регионот. Сепак лон производството во неизвестност ги држи не само работниците, туку и работодавачите

  • „За жал повторно ќе речам, ете го тоа лон производство од кое зависиме како држава и за жал брендовите заминуваат поради стареење на работната рака и бараат постабилен пазар„ изјави Ампева

За среќа работниците во соработка со здружението и инспекторите успеале да ги добијат заостанатите платите, а дел од нив веќе нашле и работа. Од Гласен текстилец апелираат до работниците при затварање на компаниите од деловни причини, да не потпишуват никакви документи и веднаш да алармираат доколку добијат дојава за затварање на нови конфекции.

Реклама

Александра Ристовска