Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Акциите на УНИБанка АД Скопје се најпосакуваните акции во земјава во 2023 година!

Успешната 2023 година и доброто работење на УНИБанка години наназад, одличниот имиџ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успешната 2023 година и доброто работење на УНИБанка години наназад, одличниот имиџ и репутација кои ги ужива во јавноста и во деловниот свет, придонесоа Банката да биде добитник на две значајни признанија од Македонска берза за 2023 година.

Првата награда е во категорија „Акција со најголем промет во 2023 година“ , а втората за „Акција со најголем пораст на цената во 2023 година“ и двете во сегментотакционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација.
Наградите во име на УНИБанка ги прими Владислав Хаџидинев, Извршен директор на УНИБанка АД Скопје, кој изјави дека е ова резултат на добрата стратегија за развој на Банката, како и на одличниот тим на врвни финансиски професионалци и експерти кои работат во Банката.

Акциите на УНИБанка во 2023 година беа едни од најпосакуваните хартии од вредност во земјава, што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите инвеститори, како и од штедачите и деловните субјекти. Тоа е сигнал за инвеститорите дека и во иднина акциите на УНИБанка ќе бидат исплатлива инвестиција, додаде Хаџидинев.

Наградите се добиваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на ХВ и бројот на трансакции во тековната година, а ги доделува Одборот на директори на Берзата. УНИБанка АД Скопје и во 2022 година беше наградена од Македонска берза во категорија “Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“.

Настанот за доделување на годишните награди го отвори Министерот за финансии во Владата на РСМ, г-динот Фатмир Бесими, заедно со Главниот извршен директор на Македонска берза, г-дин Иван Штериев.