Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Николоски: Mакедонија не преговара со EУ оти власта е заглавена во криминали и корупција и не спроведува реформи

Не почнуваме преговори со ЕУ зошто сме до гуша заглавени во криминал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не почнуваме преговори со ЕУ зошто сме до гуша заглавени во криминал и корупција. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекснадар Николовски предупредува дека главниот проблем во државата е неказнивоста на криминалот, неспроведувањето на реформите и лошите политики на власта.

Николовски предупредува дека уште во јуни 2018 та, кога властите не убедувале дека ќе почнеме преговори ако го смениме уставното име посочувал дека тоа нема да се случи, оти во Македонија не функционира правосудниот систем.

Се брзаше да се потпише преспанскиот на 17 јуни, затоа што на 29 јуни имаше состанок на европскиот совет на кој што требаше Македонија да добие датум за преговори. Тогаш Бугарија не постоеше. Македонија не доби датум за преговори на 29ти јуни, вели Николовски.

Реклама

Николоски потенцира дека на Македонија уште тогаш и биле дадени три задачи кои треба да ги исполни за да почнат преговорите. Реформи во јавната администрација, реформа во безбедносните структури и бобра против криминалот и корупцијата. Пет години подоцна ниту една од нив не е завршена.

Јас лично сум предмет на следење на безбедносните служи во државава, конкретно на агенцијата за разузнавање во овој момент и дел од водството на мојата политичка партија. Второ беше реформи на јавната администрација и трето борба со високиот криминал и корупција каде сите гледаме што се случува, вели Николовски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели ако се рефорнираме ватре, тогаш ќе добиеме и поддршка од надвор. Клучно според него е да се сузбие криминалорт и  корупцијата кои се присутни од шалтерски работник, до премиерот на државата.  Сепак, проблемот според него не е само домашен, туку и генерално во политиките на Унијата кон проширувањето, што се покажа и со одлуката на Брисел да отвори преговори со Украина и Моладвија. Ова според николоски отвора дилеми како држава во која има војна и земја која нема дефинирана територија добива преговори, а Македонија, Албанија и БиХ не:

Сите си го поставивме прашањето зошто никој не го замоли бугарскиот премиер да ја напушти салата на 15 минути исто така на кафе и Македонија да почне преговори. Со овие постапки се покажа дека сето она што и се кажува на Македонија не важи, вели Николовски.

Николовски посочува дека Македонија останува доследна на патот кон Унијата, но сепак потенцира за да стигнеме до таму, мора одвнатре да расчистиме со корупцијата, оти дури и да го смениме Уставот, одредени земји членки не се задоволни од состојбата внатре во државата.