Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„ Не плачат , не бараат да јадат, само ако им дадеш “  – Децата питачи 24/7 на скопските улици , надлежните помагаат само на зборови

И на +40 и на минус 10. Децата злоупотребувани за питачење научени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И на +40 и на минус 10. Децата злоупотребувани за питачење научени се да работат 24 часа 7 дена во неделата.

Нивниот живот е во опасност, не само поради лошите временски услови во кои работат, туку и небезбедноста на самото место. Често претрчуваат пред автомобилите, трчајќи од еден до друг возач, со рачиња испружени кон прозорците. Другите заспани во рацете на ворасните, сонуваат за подобар живот.

Не плачат, не бараат за јадење. Ако им дадеш ќе јадат, ако не, е ни бараат – ми објасни една жена, можеби мајка на бебето кога ја прашав дека ја гледам секој ден и никогаш не сум видела бебето да плаче.

Реклама

Со желба да им помогнеме на овие деца кои секојднево ги среќаваме на истото место, испративме мејл до Минстерството за труд и социјлана политика, со точна адреса. Ветија дека ќе испратат екипа. Но од екипата нема трага ни глас, а децата злоупотребувани за питачење се уште се секој ден на истото место.

Според податоците на МТСП, најмногу деца на улица се регистрирани на територијата на град Скопје. Вкупниот број на новоевидентирани „деца на улица“,  изнесува 90 и работа со стари случаи 78 деца. Опомени се издадени за 22 родители, а во мал групен дом за деца се сместени  4 деца. Згрижени во Дневен центар за деца во  ризик/деца на улица се 60 деца

Во Македонија според здружението Градиме иднина има 18 илјади деца на улица, а само во Скопјe за питачење се злоупотребуваат околу 250 деца.