Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Кој и зошто ја опустошува Јабланица ?

Со децении на диво се сечат и безмилосно се пустошат шумите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со децении на диво се сечат и безмилосно се пустошат шумите на Јабланица.Жителите од подјабланичките села уште лани побараа помош од сите надлежни институци укажувајќи им дека се манипулира со добиените дозволи за сечење на дрвото,бидејќи како што велат, постојат случаи на сеча на приватни шуми на веќе починати сопственици.Алармот го влучија и од граѓанска иницијатива Охрид СОС.

„Јабланица непрекинато се опустошува, со години. За ова се реагира од повеќе страни, но нејзините уништувачи не престануваат. Иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк сè уште чека во некоја фиока, иако беше поддржана од општината и од други државни институции.” – велат од Охрид СОС

Од охридската подружница на Македонски шуми велат дека оваа година поднеле околу 10-тина пријави за нелегана сеча и во охридскиот регион.

Реклама

 “Нелегалната сеча секако зема замав затоа што е атрактивна цената.Да речеме денес ќе украдите 1 кубик дрва и заработувате 50 евра што како дневница да речеме ви е топ.Во една прилика еден познат научник кажа ако сакате да уништите еден народ уништите му ја шумата”-вели Славчо Голабоски-директор на Македоски шуми,Охрид

 Пустошењето на шумите е најголемиот организиран еколошки криминал во Македонија,поврзан со корупција и перење на пари,велат експертите.

“Значи добивате дозвола за еден камион, а поминуваат со иста таква дозвола уште 10 камиони и тука е тој спој на корупцијата и шумската мафија.Значи за што е добиена дозвола, а колку со таа дозвола е направена сеча и колку се продадени и тука се остваруваат енормни финансиски сретства.Но како сето тоа ќе се докаже сечењена шума, каде завршуваат парите? Е тоа е еден од најгорливите проблеми.Сега се’ повеќе ги потенцираме финансиските истраги се со цел да видиме каде завршуваат парите од овој криминал”–вели Светлана Николовска-професор на Факултетот за безбедност

Дрвната маса наретко завршува на Косово, но многу е важно како се доаѓа до таа дрвна маса, како и со какви дозволи се извезува.Експертите предлагаат формирање на посебен оддел во МВР каде инспекторите би се занимавале само со криминалистички истраги на овие кривични дела. Сугерираат и казните во сферата на еколошкиот кримнал кои сега завршуваат со условна осуда и благи парични казни, да бидат поригорозни и да се врши целосна конфискација на имотот со кој располагаат.

Росица Голабоска