Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Договорот за „Чебрен“ неизвесен-жалбата на грците го продолжува рокот

Ќе пропадне ли договорот за изградба на „ Чебрен “  ?  Наместо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе пропадне ли договорот за изградба на „ Чебрен “  ?  Наместо потпишување на договорот  од денеска се разгледуваат аргументите во жалбата која ја  поднесе грчката компанија за наводно сменети услови од оние кои биле во тендерската постапка со оние во Владината одлука .

 Во Министерството за животна средина  на иста маса се вкрстија копјата со претставници од грчката компанија и сите инволвирани каде се одлучило дека постапката за изградба продолжува ама  ќе се чека додека министерството ја извести грчката компанија за наодите во жалбата, па тие ќе треба да кажат дали ќе ја градат хидроцентралата .

Жалбената постапка е запрена и повторно се разгледуваат жалбените наоди и нивна оправданост . Постапката за изградба продолжува. Ние избраната компанија ќе ја информираме со допис дека треба да постапат со одлуката за избор , информираат од Министерството за животна средина .

Реклама

Челниците на Илинденска пак даваа изјави дека не постои никаква жалба и дека Договорот за изградба е вметнат во тендерската документација . Премиерот Ковачевски денеска не знаеше ништо за жалбата оти го задолжил министерството за животна средина за спроведување на постапката за изградба на Чебрен .

Не , не знам затоа што тие немаат комуникација со мене туку со министерството за животна средина , одговори Премиерот на прашањето дали знае за што се жалат грците.

Вицепремиерот за економски прашања пак  пак не чул дека е возможно договорот да пропадне .  Но ако животна средина донесе одлука , проектот нема да се спроведе

Секако, ако процедурално, Министерството за животна средина оцени дека не е возможно спроведување на тој проект, нема да се спроведе, но сметам дека за државата е битно денеска, денеска и во ниту еден друг момент да се направат вистинските одлуки“,  рече Битиќи.

Експертската јавност алармираше дека  тоа што се одлучило „ Чебрен “ да ја гради друга држава е штетно за енергетската независност, а Македонија ќе изгуби и милиони кои би можела да ги инкасира како профит .  Македонските инженери побараа од неколку институции да се замрзне процесот на потпишување на договорот за јавно приватно партнерство со грчки Архиродон .

Инаку, владата донесе одлука за давање на концесија на  Црна Река на 15- ти септември каде беше предвидено договорот за заедничко претпријатие да се склучи во рок од 90 дена . Инаку, проектот тежи една милијарда која треба да ја вложи инвеститорот  , а за сметка на тоа бакшиш го даваме ХЕЦ Тиквеш .