Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Цената на струјата од први јанури би можела да рипне за речиси 30 отсто ако се прифатат сите барања

27 отсто поскапување на струјата во просек доколку се прифатат сите барања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

27 отсто поскапување на струјата во просек доколку се прифатат сите барања на енергетските компании. Волку ќе изнесува ценовниот шок за граѓаните ако регулаторна ги пруфати во целост барањата на МЕПСО, електродистрибуција и МЕМО кои бараат струјата да поскапи. Засега е сигурно дека само се прифаќа поскапата производствена струја која ЕСМ ќе му ја продава на ЕВН која од 53 сега се зголемува на 57 евра за мегават час. По оваа цена ќе се обезбедат 95% од потребите за струја на ЕВН, а останатото ќе се купува на слободниот пазар, каде цените се и до двојно повисоки. Од Регулаторна засега не конкртетизираат колкав ќе биде ударот врз граѓаните:

Освен поскапа струја, од наредната година во сметките ќе има и ставка  „ пристап до мрежа “ што предизвика бројни реакции. Оваа ставка која веќе доби прекар „ данок на луксуз ‘  ќе ги погоди  оние кои имаат празни викендички, станови и објекти кои не ги користат и не плаќаат високи сметки за струја , иако платиле приклучок .

Иако се во прашање објекти кои се користат ретко ова ќе мора да се плаќа, бидејќи одржувањето на мрежата е многу скапо, а била драстично намалена побарувачката од мрежа поради инсталираните фотоволтаици . Регулаторна посочува да не се шпекулира оти за сметка на новата ставка , редовните плаќачи ќе имале пониска мрежарина во цената

Реклама

Досега потрошувачите, корисниците на мрежата плаќаат мрежарина којашто де факто се состои од повеќе делови меѓутоа можеме да кажеме дека имаме фиксен и варијабилен дел. Пристапот на мрежа ќе биде тој фиксен дел. За сметка на тоа ќе се намали варијабилниот дел или делот кој сега само како еден се плаќа, а тоа е трошок или надоместок за дистрибуиран или пренесен киловат-час. За домаќинствата тоа е цена по киловат-час, а за поголемите, и кај нив има не само кај домаќинствата, кај поголемите индустриски потрошувачи, комерцијални потрошувачи тие плаќаат надоместок и за ангажирана моќност. Со воведување, ова се приближни бројки, на овој фиксен надоместок варијабилниот надоместок, односно сегашниот надоместок ќе се намали за некаде до 20-ина проценти за домаќинствата и малите потрошувачи од категорија“ вели проф Талевски .

Надлежните уверуваат дека ова нема да го зголеми профитот на електродистрибуција , и ќе воведеле правда меѓу оние кои плаќаат повисоки сметки и оние кои не трошат струја,а секогаш имале луксуз да ја користат во објектот кој го поседуваат .

Додека се чека новата сметка , се уште голем дел од граѓаните чекаат евтина дневна струја. Премиерот пак вчера најави можно поскапување во трет и четврт блок зашто имало таму домаќинства кои струја трошат за луксуз .

https://studio.youtube.com/video/i3VZE4zZJ1k/edit