Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Седум лица затруени од хлор во базен во охридски хотел

Седум лица синоќа се затруле со хлор бањајќи се во затворен базен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум лица синоќа се затруле со хлор бањајќи се во затворен базен од елитен хотел на Охридското крајбрежје. Се работи за лица од 19 до 45 годишна возраст, но меѓу нив имало и две малолетни деца.Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Синоќа околу 20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор. Притоа, во Општата болница во Охрид и во болницата во Струга пренесни се вкупно 7 лица, од кои 5 од Скопје и две лица од Охрид а две од нив се малолетни лица

Од охридската болница не успеавме да добиеме информација во ваква состојба се затруените,бидејќи директорот не одговара на повиците. Од струшката болница транспарентни, таму лекарска помош побарало едно возрасни лице и неговите две деца.

Реклама

“Пациент дошол на интерно одделение донесен со брза помош од Охрид, направени се соодветни инспитувања во интерно одделение. После подобрување на состојбата самоволно се потпишаа да си заминат.Од друга страна има две деца во оддел педијатрија значи биле нивните деца” – вели  Армен Арслани,директор на општа болница Струга

Децата првично примиле соодветна терапија во итната помош во Охрид и од тука биле пренесени во струшката болница каде биле направени лабараториски и други испитувања. После два часа откако им се подобрила здравствената состојба самоволно потпишале и ја напуштиле болницата,вели Арслани.

Од државниот здравствен и санитарен инспекторат за Алфа велат дека во тек е надзор. Во наш домен да видиме дали хотелот имал договор со Центарот за јавно здравје и дали се вршени редови контроли на водата. Последните анализи биле напраевени на 21 ноември кога водата била во ред. Медицинските лица велат дека високи концентрации на хлор можат да бидат и тоа како опасни, да предизвикаат потешкотии во органите за дишње,печење на очите и други здравствени проблеми.

Надлежните органи работат на расветлување на случајот, но неофицијално проблемот со водата од базенот настанал поради дефект во системот за хлорирање.

Росица Голабоска