Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Бајден е подготвен на компромис за да се изгласа пакетот помош за Украина и Израел

Сликите објавени од украинската армија ја покажуваат штетата по рускиот напад во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сликите објавени од украинската армија ја покажуваат штетата по рускиот напад во јужниот град Керсон, откако американското финансирање за одбраната на Киев од Москва е блокирано од републиканците во Сенатот кои бараат построги мерки за обезбедување на границата на САД со Мексико.

„Ние републиканците сме многу сериозни во врска со затворањето на нашата јужна граница. Имаме околу 10.000 луѓе дневно илегалци кои преминуваат во САД. Прво и основно треба да ја браниме нашата граница“, рече Џим Риш, републикански сенатор.

Белата куќа соопшти дека републиканците го игнорирале нејзиниот предлог за реформа на границите и имиграцијата.

Реклама

Претседателот Џо Бајден предупреди дека ако Киев ја загуби војната, рускиот претседател Владимир Путин може да дејствува надвор од Украина и да нападне членка на НАТО и дека тогаш САД ќе бидат обврзани да ја бранат.

„Тогаш ќе имаме нешто што не го сакаме и што не е случај денес: американски војници кои се борат против руските војници. Американските трупи ќе треба да се борат против руските војници доколку тој нападне други делови на НАТО“, рече Бајден.

Бајден сигнализираше дека е подготвен на компромис, но вели дека времето истекува. Од вкупно 4,8 милијарди долари помош за Украина, остануваат само 1,1 милијарди долари за надополнување на американските резерви на оружје и опрема за да се снабди Киев што му треба.

„Доколку помошта од САД не дојде, Европејците веројатно ќе влезат во пробив до одреден степен. Но, во најмала рака, Украинците ќе мора да се свртат кон поодбранбена војна и потенцијално да почнат да бараат начини како всушност да го завршат конфликтот“, рече Ема Ешфорд од центарот Стимсон во Вашингтон.

Гласот на Америка го праша Џон Кирби од Советот за национална безбедност дали администрацијата ќе ги поддржи преговорите за прекин на огнот.

„Претседателот Зеленски треба да одреди како и кога ќе заврши оваа војна и под кои услови тој е подготвен да преговара со г-дин Путин“, вели Кирби.

За да се дојде до 60 милијарди долари помош за Украина и 10 милијарди долари за Израел, Конгресот има ограничено време пред паузата на крајот на годината. Европските партнери се нервозни.

Британија ќе продолжи да го поддржува Киев, изјави за Гласот на Америка министерот за надворешни работи Дејвид Камерон.

Јасно е дека Америка е суштински партнер во ова, тие се најголемата светска економија, најголемиот одбранбен играч, апсолутно витален“, рече Камерон.

Тоа е комлицирано, со оглед дека на 19 јануари е и првиот рок за финансирање на дел од американската влада за да се спречи затворање.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон