Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Талат Џафери технички премиер –  ДУИ донесе одлука

Талат Џафери ја напушта претседателската фотеља во Собранието и се сели на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талат Џафери ја напушта претседателската фотеља во Собранието и се сели на Илинденска. Од 28 јануари ќе ја предводи техничката Влада. Ваква одлука донесе раководството на ДУИ, а ја соопшти партискиот портпарол Бујар Османи.

„Мојата номинација за технички премиер претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должно почитување и одговорност ќе биде спроведена, како одговор на поддршката од партиските органи“, кажа Џафери.

Неофицијално на спикерското место во парламентот ќе дојде актуелниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Реклама

Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК.  Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

На денешниот состанок во Мала Речица, партиското раководство го овластило Ахмети да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори. Шеф на Централниот изборен штаб на ДУИ  ќе биде министерот Фатмир Бесими.

Според договореното на лидерската средба првиот круг од претседателските избори треба да се одржи на 24 април, додека на 8 мај да се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.