Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Учениците не се чувствуваат безбедни – Пет осомничени во ефективен притвор, испратено барањето за екстрадиција на Палевски

Трагедијата која и се случи на Македонија треба да служи како сурова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата која и се случи на Македонија треба да служи како сурова лекција за поголема претпазливост, емпатија и сплотеност. Сојузот на средношколци алармира дека учениците од сите возрасти чувствуваат дека е загрозена нивната безбедност. Сојузот испраќа и апел и училиштата да внимаваат на менталното здравје  на младите кои се погодени од свирепото убиство на Вања.

  • Покрај информационата криза, согледавме дека не само младите, туку мнозинството граѓани се во бунило како да го искажат својот гнев и ефикасно да дејствуваат во пракса. Евидентно е дека има силен револт и дека тој е широко присутен, но сѐ уште на видик нема позитивна промена во реалноста како одговор. Веруваме дека ова се должи на ниското ниво на запознаеност со демократскиот систем, процеси и движења“ велат од Сојузот на средношколци.

Не само младите, за зачувување на менталното здравје и колективната траума и страв кој владее кај целото македонско општество бројни пораки испратија психолози и педагози.

Во меѓувреме, продолжува истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, но и за 74-годишниот велешанец Панче Жежовски. Пет осомничени се во ефективен притвор, а на слобода останува само адвокатот Васко Стојков на првоосомничениот Палевски, кој го возел до Белград. За него, обвинителството оцени дека во овој момент не постојат законски основи за притвор или други мерки на обезбедување, но истражните дејствија продолжуваат.

Реклама

Притворот му е продолжен на вториот возач кој Палевски го пренесувал од Белград до Турцијам Стефан Димовски. Обвинителството за него отвори истрага под сомнение за „помагање на сторител по извршено кривично дело“.

Димковски, според МВР, тој со џип „Ленд ровер“ го зел Палчо од Белград, па заедно, преку Бугарија, влегле во Турција, каде Палевски бил стациониран, а Димковски тргнал назад кон Македонија. Бил уапсен на преминот Стар Дојран. Додека беше спроведуван во кривичниот суд, на новинарските прашања кусо одговори дека го возел Палчо до болница.

  • Дали чуствувате вина? – „Не“. Дали би го возеле пак Палчо? – „Јас веќе го возев“. Каде? – „На болница“ одговори кратко Димковски на новинарските прашања.

Претходно, на барање на обвинителството, Судот ги задржа во 30-дневен притвор таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Откако ќе биде екстрадиран, и Љупчо Палевски-Палчо оди зад решетки, бидејќи судот веќе го прифати барањето за 30-дневен притвор кога ќе стапне на македонска територија.