Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Експерти: Сами да ја изградиме ХЕЦ „Чебрен“

Македонскиот ресурс не е за распродавање – експертите по енергетика бараат Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот ресурс не е за распродавање – експертите по енергетика бараат Владата да го стопира процесот за потпишување на договорот за давање на Чебрен на грчки Архидерон. Според експеритите Макефонија со давање на домашното на странци ја губи во целост шансата за енергетски независна држава. Експерите бараат одговори, зошто после 13 пропаднати тендери Владата се одлучила токму за оваа понуда на , а не за останати понуди во минатото кои биле поповолни.

На тој начин ХЕЦ Тиквеш, кој сега е во македонски раце и продава евтина струја во нашиот електроенергетски систем, според планот повеќе нема да дава евтина струја, туку ќе ја продава на берза и ќе биде петпати поскапа. Таа струја според планот на Владата треба да премине во грчки раце. Ние се лишуваме од нашите 150 гигават часа електрична енергија годишно и ги предаваме во рацете на странскиот инвеститор. На тој начин веднаш е јасно дека ја поткопуваме енергетската независност на државата, рече Атанаско Туневски

Наместо профит на македонско конто од милијарди евра, Македонија ќе купува струја произведена од домашни ресурси на берза. Ова би значело дека цената која сега државните електрани ја плаќаат за електрична енергија во иднина ќе биде и двојно повисока . Експертите се согласни , дека Чебрен треба да се изгради , но не смее да се брза со потпишување на ваков договор, со кој грците гратис го добиваат Тиквеш. Тии сугерираат дека морта да се најде начин Македонија сама да ја изгради хидоцентралата чбрен. Според експертите , Македонија добила и жалба од грците за тоа дека на тендерот учествувале под едни услови, а Одлуката е под други , во истата не била спомената ХЕЦ Тиквеш .

Реклама

-Нето сегашната вредност на проектот во случај на јавно-приватно партнерство целиот ефект после 67 години би изнесувал само 250 милиони денешни евра. Ако го изградиме сами и ако продаваме по сегашната заштитена цена од 53 евра за мегават час нето сегашната вредност би била околу 1,6 милијарди денешни евра, а доколку се продава на берза вредноста би била дури 2,5 милијарди денешни евра. Со инфлацијата би изнесувало 10,5 милијарди идни евра, рече Трајков.
-Има многу правни недоследности и нелогичности во постапката кои ќе го оспорат потпишувањето на договорот. До 14 декември е обврска да се формира заедничка компанија. Страната која го доби тендерот има поднесено жалба на одлуката на Владата со која е доделен. Тоа значи дека процесот ќе се одложи, рече Димитров.
Наспроти бурните реакции од експертската јавност, Владата не отстапува од потпишување на договорот . Премиерот Димитар Ковачевски вели надлежностите се предадени на Министерството за животна средина да ја спроведе процедурата според условите кои им одговарале на двете страни . Крајниот рок за потпишување е 15 – ти декември .

Кристина Алексиеска