Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Скопје – Белград – Истанбул- Минск: Најбараниот беглец е во Белорусија?!

30 ноември, ден четврток. Скопје е блокирано заради безбедноста на министрите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

30 ноември, ден четврток. Скопје е блокирано заради безбедноста на министрите на ОБСЕ, а контровезниот градежник првосомничен за две убиства Палчо ја напушта Македонија и влегува во соседна Србија, со намера да стигне до Минск и Белорусија.  Го возел битолскиот адвокат Васко Стојков, наводно го носел на лекар. Така потврди адвокатот, а и МВР.

Неофицијално извори за Алфа откриваат дека Палчо имал план и авионска карта за Минск, метрополата на проруска Белорусија. Наместо на лекар, наводно авионската траса на Палчо е Белград Истанбул, Истанбул Минск.

Извор познат на редакцијата:

Реклама

Палчо имал карта за Минск, па наводното лекување Белград Истанбул всушност се аеродромите од каде тој треба да стигне до Минск. Тој имал работа во Минск поврзана со партијата и го планирал патувањето. Ова го знаат и луѓето блиски до него.

За официјална потврда во колку часот и на кој граничен премин Палчо ја напушта земјава, од Министерството за внатрешни, молк. Велат истрагата е во тек и во нареден период нема да објавуваат никакви детали.

Палчо убива на 27-ми, а бега на 30 ти. Што прави 3 дена во Скопје? Според гласините кои се шират тој е проруски играч, а е поврзан и со домашните тајни служби. Иако нема никаква официјална потврда, сепак останува нејасно зошто убиецот не се дава веднаш во бегство туку после 3 дена. Уште посимтоматично е дали Палчо има некаква запштита и помош од тајните служби, домашни и странски.

Имено, за Палчо дури седум дена по убиството и три дена по првите приведувања беше издадена наредба за истрага за две кривични дела грабнување и убиство и меѓунаредна. Па оттука, не само до Белорусија, Палчо имал време да стигне и на друг континент.