Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Во Подгорци знамето, во Калишта картата на голема Албанија

Величење на големоалбанскиот национален шовинизам е недозволив чин и класична злупотреба на децата.Скандалозната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Величење на големоалбанскиот национален шовинизам е недозволив чин и класична злупотреба на децата.Скандалозната прослава по повод денот на албанското знаме во основното училиште “Гоце Делчев” во струшко Подгорци на која се пееле песни за Голема Албанија,се вееле знамиња со изцртани карти од Голема Албанија со делови од територијата на Македонија во неа е спротивно на законот за основно образование и оној за заштита на децата и за ова треба да се понесе одоговорност -вели поранешниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски.

 “Ова е подгревање на национализмот што не му е потребно на Република Македонија,затоа ги повикувам сите државни органи,ОЈО, Државниот просветен инспекторат,Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет,Меѓаши и сите да го кренат гласот и да се побара одговорност.Во ваква ситуација им се одземаат ингеренциите на градоначалникот, а господинот министер Јетон Шаќири треба да си поднесе неотповиклива оставка, а тоа го повикувам да го направи, да го отповика премиерот Ковачески”- вели поранешниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски.

Скандалозната прослава во основното училиште во Подгорци, не е изолиран случај. На социјалните мрежи осамнаа фотографии и од прославата во подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци” во Калишта,организирана од директорката Албана Жута со веќе познатата иконографија ˗ картата на Голема Албанија,се огласија од струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ. 

Реклама

 Загрижува молкот на надлежните органи и упатува на заклучок дека се работи за однапред планирано сценарио од страна на власта. Релативизирањето и неказнивоста на ваков антидржавен чин може да стане пракса, која нема да ѝ донесе ништо добро на Македонија, а ги подрива и онака кревките меѓунационални односи” велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Побаравме одговор и од МВР дали согласно член 272 ќе поведе кривична постапка против организаторот на прославата и сите учесници за сторено кривично дело,предизвикување на омраза,раздор и нетрпеливост, по национална,верска и друга дискриминаторска основа,казниво по член 319 од К.З ?

”ОВР-Струга има преземено соодветни мерки поврзани со настан случен во село Подгорци,притоа идентификувано е едно лице за кое постои сомнение дека истакнало знаме на друга држава. За настанот ќе биде известен јавен обвинител од Струга и по негови насоки ќе бидат преземени соодветни мерки” велат од МВР.

И додека полицијата очигледно ќе бара жртвено јагне за скандалозната прослава во Подгорци,од ВМРО ДПНЕ се децидни-сo самиот чин на прославување на денот на знамето од туѓа држава во повеќе основни и средни училишта во  Струга направена е груба повреда на законите и Уставот на Република Македонија.

Росица Голабоска