Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Се бара притвор за тројца од петмината поврзани со истрагата за исчезнувањето на Вања

Обвинителството бара 48 часа притвор за тројца од петмината приведени, под сомнение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството бара 48 часа притвор за тројца од петмината приведени, под сомнение за поврзаност со исчезнувањето на четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

  • „За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката.“ – Информираат од ОЈО.

Ова следи откако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера соопшти дека се приведени петмина, а запленет за вештачење е и еден автомобил за кој полицијата се сомнева дека е поврзан со исчезнувањето на младата ученичка. Откако Спасовски порача и да не се шират шпекулации, сега од обвинителството најавуваат најостри казни за оние кои ќе шират лажни вести за настанот кој ја потрсе нацијата.

  • „Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“ – соопшти Јавното обвинителство.

Досега, во рамки на истрагата за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска, во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сведоци, прегледани се видеа од 50 камери, следен е сигналот на телефонот, пребарани се манастири, како и коритото на реката Вардар, а истрагата продолжува. Инаку, 14-ет годишната Вања Ѓорчевска е висока 175 сантиметри, со кафени очи и темно кафена коса. Носи протези за заби и има бемка на десната страна од лицето. Исчезна во понеделникот во утринските часови на пат кон училиштето Песталоци.

Реклама

Никола Цветкоски