Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Никој не знае колку странци работат во Македонија

Владата да го промени законот за вработување и работа на странци и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата да го промени законот за вработување и работа на странци и по примерот на Хрватска да ја укине квотата за работни дозволи за странци.Ако хрватите кои ја собраа македонската работна сила посебно во угостителството,годишно издавајќи 108.000 работни дозволи за странци,нашата држава законски издава само 3.700 дозволи и тоа во услови кога македонците масовно се иселуваат,а државата нема стратешки план како да ги задржи. Ова посебно го бараат туристичките работници кои останаа без жив човек,па улогата на келнери и кувари ја превземаат странци претежно од јужна и југоисточна Азија, кои не знаат нити што работат,нити пак можат да се разберат оти не знаат нити англиски, а камоли македонски јазик.Иста е ситуацијата и во другите сектори, посебно во градежништвото.Колката е точната бројка на странци кои работат во земјава никој не знае.

  • „Со бројка не можам да калкулирам,странски работници има во Македонија. Дека има странски работници кои што работат на црно има и такви кои што не се пријавени,меѓутоа тоа е во надлежност на државните институции”-вели Дејан Ангелоски,Претсетадел на здружение за заштита при работа

Дел од работавачите целосно ги исполнуваат обврските кон работниците, но има и такви кои не ги плаќаат соодветно,не ги пријавуваат, не им обезбедуваа здравствени прегледи и  ги исцрпуваат од прекумерна работа. И во едни вакви услови, неретко се случуваат несреќи при работа кои умешно се прикриваат.

  • „Не можеме веќе старата прикаска “дај друго дете”, туки сега навистина она што е квалитетен работник се бара и тоа како и е ценет не само со плата,меѓутоа и другите услови за работа.Денес дојдовме до ситуација да не зборуваме само за пари,колку ми е платата, дојдовме во ситуација да зборуваме кои ни се условите за работа “-вели Борче Стојчевски,стручно лице за безбедност при работа.

Никој не знае точно колку лица настрадале на работно место бидејќи потполно се различни бројките надржавниот инспекторат за труд и оној од Институтот за јавно здравје.Годишно бројот на лица кои ги загубиле животите се движи од 12 до 22,а бројот на повредени е помеѓу 150 до 450 .

Реклама

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски