Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

УПОЗ и независниот синдикат на судска администрација на протести: Власта остана глува на нивните барања

Продолжуваат протестите на вработените во обвинителствата и судовите. Синдикалните претставници од УПОЗ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваат протестите на вработените во обвинителствата и судовите.
Синдикалните претставници од УПОЗ иако неколку пати досега беа на преговори во владата, сметаат дека власта само одолговлекува и не планира да изнајде решение за нивните барања. Велат, еден административец работи како за 5, со минимални плати.

  • „И од европската комисија им се кажува тоа дека треба да ги засилат човечките ресурси во обвинителствата, а нашите вработени бегаат поради малите плати, неисплаќањето на додатоците, големата одговорност која што ја имаме. Декларативно се оди во борба со криминалитетот и корупцијата, а на дело, покажувајќи спрема овие вработени, кои сме почетокот на борбата со криминалот и корупцијата не се покажува ништо.“ – Изјави Изабела Илиева од синдикатот на јавно обвинителската администрација.
  • „Овие работници зад мене работат во институции со најголеми обврски во државата. Институција предвидена во Устав со специфични работни задачи. Ако Владата нема слух за овие вработени, изборите се ближат, ќе покажеме дека ниту ние немаме никаков слух за нив.“ изјави Трпе Деановски од УПОЗ.

Веќе седми месец протестираат и нивните колеги од судовите. Кај нив огромна фрустрација создава тоа што владата ги игнорира и не ги повикува на преговори кога одлучува за нив. Тие се клучна оператива во правосудниот систем, но освен за функционерите, власта не најде пари за да ги зголеми нивните плати.

  • „Пречка е министерство за финансии. Од март месец не се даваат додатоци на плата за судската администрација“ – Порача Горан Ристески од синдикатот на државна администрација.
  • „Се уште не сме повикани на преговори, а се знае, владата образложи дека ќе има за здравство и образование, не спомна за судската администрација дека ќе има покачување. Нема за судската служба, како да не им е важна оваа трета власт. Порачуваме дека ние продолжуваме, нема да застанеме тука.“ – Истакна Јасмина Величкова од синдикатот на судска администрација.

Инаку, владата решението го гледа во закон за плати, кој што ќе направи еден стандард и исти плати во државните институции, но, законот е само во најава. Ни блиску до остварување.
Во меѓувреме, синдикатите на судската и јавно обвинителската администрација најавуваат обединување и голем заеднички протест следниот петок.

Реклама

Никола Цветкоски