Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се обидува да ја спаси канцер мафијата за случајот Онкологија

„Два месеци поминуваат, а Обвинителството на Јовевски и Абази абер немаат од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Два месеци поминуваат, а Обвинителството на Јовевски и Абази абер немаат од предистрага да почнат со истрага, а камо ли да обвинат некого за грозоморниот скандал Диво Месо на клиниката за онкологија. Со одолговлекувањето на постапката тие наместо да излезат со конкретни виновници, го валкаат белиот мантил на сите вработени на Онкологија, па дури и на сите здравствени работници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение предупредуваат дека институциите работат на тоа и случајот Онкологија да се затвори по принципот „кабелот е крив“.
„Постојат основани сомнежи дека Обвинителството и власта работат на тоа да ја заштитат канцер мафијата која правела милиони на грбот на најтешко болните во Македонија.

Никој не излегува со објаснување како е возможно да се натрупа толкав долг на клиниката со скапата терапија која ја набавувале од омилената веледрогерија на власта, а во исто време пациентите да имале недостатоци на терапија?

Реклама

Никој не ги поби тврдењата на семејства на пациенти кои велат дека на клиниката наместо лекови биле давани обични физиолошки раствори, а терапијата била препродавана на црниот пазар?

Никој не објаснува зошто на клиниката нема протоколи, зошто не се водела евиденција, зошто бил исклучен КАТО системот, и зошто нема информација каде завршувале скапите лекови кои биле давани во кесичка да се аплицираат надвор од клиниката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ со заклучок дека
сите овие прашања сега остануваат неодговорени затоа што некој пробува да ја спаси канцер мафијата, и предупредување дека доаѓа време на промени, целиот овој случај ќе биде истражен и за истиот ќе има сериозна кривична одговорност.