Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Алфа сторија: Цели два месеци семејство од Скопје лута не знае од што починала пациентката на Торакална

Повеќе од два месеци не знаат ниту од што ја лечеле, ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од два месеци не знаат ниту од што ја лечеле, ниту од што починала 60 годишната скопјанка на Клиниката за торакална хирургија, обвинува семејството кое лута во здравствениот лавиринт по одговори. Завршила на Карил бидејќи скршила рака, но откако ја преместиле пациентката на Торакална, по само две недели таа починала.

Семејството побарало обдукција, но од денот на смртта на 4 септември, па наваму никој од персоналот на клиниката не кажува, ниту пак потпишува од што починала жената. Според семејството, обдукцијата е направена, но извештај уште не добиле. Директорот на Торакална, Неџат Јакупи, како и директорот на Судска медицина, Александар Станов за сега не се недостапни за одговори на обвинувањата кон нив. Алфа неколку пати се обиде да стапи во контакт и со двајцата.

Сестрата на починатата се уште е во шок и неверување поради скандалозното однесување на директорот и вработените на клиниката.. Откако и јавиле дека пациентката починала, таа истиот ден добила отпусно писмо за сестра и како да е уште жива во кое нема наведено која терапија ја примила.

Реклама

Повеќе од два месеци Ценова моли кај директорот на Торакална и Судска медицина за да и одговорат која е причината за смртта на сестра.

Голготата почнала во август кога сега починатата скршила рака. Била сместена  две недели на Карил. Оттаму со отписно писмо е преместена на торакална хирургија, и од тој момент никој не знае каква терапија примала. За ужасот кои го преживуваат пациентите и односот на персоналот, Ценова како да раскажува хорор приказна преточена на филмско платно.

Потрагата по одговори за смртта на сестра си, Ценова вели дека нема да ја заврши се додека не ја дознае вистината. Се охрабрила да побара медиуми, убедена е дека државата и здравството не водат грижа за пациентите, односно скандалозна не е само онкологија.

Ценова се надева дека под медиумски притисок ќе ја дознае причината за смртта.  И нивната мајка починала минатата недела, без да ја дознае вистината зошто ја изгубила ќерка си.