Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Скандалозните судии наместо да се резрешуваат се унапредуваат

Прошетки на шопинзи, роднински врски со политичари, опожарена архива на суд за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прошетки на шопинзи, роднински врски со политичари, опожарена архива на суд за која истрагата со месеци тапка. Шокантното и бесрамно однесување на судиите наместо разрешување резултира со унапредување. Критиките од ЕУ и правната фела паѓаат во вода – што повеќе скандали, толку повисоко столче во судиската хиерархија.

И покрај обвинувањата за политичко влијание во македонското судство, Судски совет си истурка и на две битни столчиња ги седна, кумата на Боки 13, Мери Дика во скопска апелација и контроверзната Снежана Манев која доби втор мандат како претседателка на кумновскиот суд.

Најново, токму во овој суд се донесе скандалозна одлука за навреда и клевета за искажан збор од собраниска говорница. Претходно цела архива се стори пепел во подрумските простории на судот во Куманово и со месеци истрагата тапка во место, иако за овој суд јавноста гласно зборува за корупцја и политичко влијание во него. Поради конфликт на интереси наместо кумановско обвинителство, истрагата ја води скопското обвинителство. Оттаму велат се чека на вештиот наод.

Реклама

Во предметот за кој покажувате интерес во тек е предистражна постапка. Надлежен јавен обвинител го очекува вештиот наод во поглед на причините за пожарот, по што ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, велат од ОЈО.

И министерот за правда Кренар Лога реагираше за кандидатката Манев која според негови сознанија не ни успеала да го помине псхолошкиот тест за интегритет. Истовремено, тој реагираше и за тоа зошто Советот не постапува по претставки за местење на предмети и злоупотреби на АКМИС системот во овој суд и во уште неколку низ Македонија.

Снежана Манев, претседателката на кумановскиот суд се заколна дека ќе постапува чесно како судија без никакво влијание и притисоци. Заклетвата ја даде пред сестрата на пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева која недоумна е избрана за член на Советот, а е поранешен граѓански судија, Антоанета Димовска.

Не само Манев, уште поскандалозно е тоа што новата претседателка на скопска апелација му правеше друштво на шопинг во Милано на осудениот Боки 13 кој е осуден за рекет на деветгодишна затворска казна. Предмет кој го распрсна и уништи поранешното СЈО, кое што требаше да покаже резултати во борбата против корупцијата на поранешните функционери.

Сликата за македонското правосудството е очајна, а инертноста на власта да ги тргне рацете од судството е огромна.