Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Правда најавува реформи на Судскиот Совет, експертите предупредуваат: треба суштина, а не козметика

Шлаканицата од Брисел за правосудниот систем ги размрда надлежните, барем на зборови.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шлаканицата од Брисел за правосудниот систем ги размрда надлежните, барем на зборови. Министерот за правда најавува дека на маса ќе седне актуелни и поранешни судии и универзитетски професори на чело со академик Владо Камбовски, да пишуваат нови законски решенија за Судскиот Совет.

  • „Во клучните оценки и препораки во делот на функционирање на судството, Европската комисија го повикува Судскиот совет да се залага да ја заштити независноста и интегритетот на судиите“ напиша Кренар Лога на социјалните мрежи.

Но, ад хок решенија нема да не донесат до реформирано судство, вели универзитетскиот професор Ѓорги Сламков. Според него само со суштински промени, кога на очиглед на јавноста – транспарентно ќе се носат сите одлуки и унапредувања, ќе го ослободиме судството од политичките канџи.

  • Постојано зборувам дека е потребна промена во Судскиот Совет, Советот на јавни обвинители и Одборот на Академијата за судии и јавни обвинители. Реформите или прочистувањето на правосудството во Македонија треба да почнат од овие три институции и потоа прочистувањето во судовите и другите институции ќе дојде само по себе. Меѓутоа ако ова ние го реализираме на начин на кој ви споменав, транспарентен, тогаш конечно ќе се создаде една надеж и еден човечки потенцијал за да се промени ваквата состојба во спротивно со ад хок решенија ништо нема да постигнеме“ коментира за Алфа, Сламков – универзитетски професор, поранашен претседател на ДКСК.   

Секое спорно и скандалозно одлучување на Судскиот Совет е забележано во извештајот на Европската комисија која бара и од Советот на јавни обвинители да образложува на што ги темели своите одлуки. Критики има и за изборот на Ислам Абази, со кој обвинителите како што се посочува, не ја вратија довербата од граѓаните. Но, наместо да се учи од старите грешки, членовите на Судски пред само два дена назначија нов претседател на Граѓански, за кој јавноста слушна дека е поврзан со политичка партија.

Реклама
  • Во однос на изборот на претседател на Граѓанскиот суд, сметам дека овој избор ќе биде нотиран во наредниот извештај на ЕК, што значи продолжуваме понатаму по тоа што велиме нема напредок во борбата против корупција и во делот на реформи во правосудството. Исто така нотирана е и постпката за избор на обвинителот во ОЈОГОКК, која што според мене треба да биде клучната институција во борбата против корупцијата. Меѓутоа се забележува дека тој бил процес во кој се забележува дека имало политичко влијание, односно процес кој немал доверба од јавноста. И тоа се кажува, дека вие не можете да се потпрете на таа институција поради што постои“ вели Ѓорги Сламков – универзитетски професор, поранашен претседател на ДКСК.

Европската Комисија ја даде најлошата оценка за напредокот во борбата против корупцијата и криминалот, а на многу ниско ниво сме и во спроведувањето на реформите во правосудството со низа скандали. Без напредок е и зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права.