Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

На туристичките работници им пукна филмот: Дајте ни лопати, ние ќе го завршиме автопатот Кичево – Охрид!

Дајте ни лопати и сами ќе го доизградиме автопатот Кичево-Охрид,туристичките работници подготвени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дајте ни лопати и сами ќе го доизградиме автопатот Кичево-Охрид,туристичките работници подготвени се да запрегнат ракави и да ја завршат автопатската делица од 57 километри,она што државата 10 години не е способна да го направи. Ни прекипе велат од поплаките на странците кои кога се симнат на македонско тло првиот впечаток е како да дошле во либаскиот град Бејрут оти патот кон Охрид е како да се случила експозија.

“Ако ништо не се превземе, како што гледаме дека многу слабо се работи на автопатот,кажано беше да ги собереме сите вработени од хотелската индустрија и да се собереме да направиме една работна акција.Да ни дадат 3.000 лопати и да фатиме со лопати да исполниме се’ .Ќе повикаме на помош од околните села со трактори да дојдат и да направиме една работна акција”-вели Крсте Блажески, Претседател на Хотам.

Автопатот Кичево-Охрид е огледало колку сме способни и колку не бидува како држава,овој инфраструктурен проект тежок половина милијарда евра кој ќе влезе воисторијата на државата како најголема инвестиција чија реализација е неизвесна,не врати 30 години наназад,гневни се туристичките работници.Поради ужасно лошиот пат, странците не само што не одбегнуваат ,туку не помислуваат да поминат низ нашата држава, за транзит ја користат јужна Албанија.

Реклама

 “За здрав туризам, за здрава економија,потребна е добра патна инфраструктура.Жалам што е вака,се што ќе кажеме е неважно кога го гледаме ова ругло на влезот од Охрид”-вели Олег Маленко, Т.А”Виспој”

На два месеци пред истекот на крајниот рок за завршување на автопатот,Премиерот Ковачески и неговата десна рака Артан Груби,јавно проговорија за можноста да се раскине договорот со кинеската компанија Синохидро.Овој излет ќе биде јамка за македонските компании и сериозно ќе ја чини Македонија, затоа треба добро да се размисли пред да се превземат било какви чекори-сугерираат добро упатените кои проговорија што се случува со автопатот.

„Нашиот став е дека премногу долго се гради, дека премногу проблеми се, дека административно законските пречки со кои се соочивме таму на изградба на автопатот беа огромни.Огромни проблеми имавме и со проектната документација“–вели Андреа Серафимовски-Преседател на здружение за градежништво

Останува дилемата дали беше однапред договорено помеѓу Ковачески и Груби да се искористи првата конференција за патна инфраструктура во Охрид за да се обзнанат идните планови на владата?  Една од опциите е ракинување на договорот со Синохидро, не сакам да прејудицирам каква одлука би донела владата и Собранието бидејќисамиот договор претставува закон и секоја негова промена и секој негов анекс се одобрува од пратениците,рече Ковачески без да прецизира кога ќе побара ревизија. Неофицијално од Синиохидро веќе побараме средба со Владата. Инаку по три продолжувања и пробивања на роковите за изградба на автопатот,надлежните уверуваа дека истиот ќе бил пуштен во употреба до крајот на година,а причина за доцнењето во реализацијата секогаш беа наводно лошите временски услови.

Росица Голабоска