Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Полицијата во Македонија е загрижена за својата безбеднсот – Што да кажат граѓаните?

Откако „пајакот ја удри полицајката“ безбедноста во Македонија е нарушена, а полицајците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако „пајакот ја удри полицајката“ безбедноста во Македонија е нарушена, а полицајците се плашат да го употребат пендрeкот или оружјето при работа – Вели експертот за безбедност, Љубомир Ѓурчески, откако полициските синдикати на протести порачаа дека не се чуствуваат безбедно.

Па се поставува прашањето, ако полицијата во Македонија не е безбедна, што е со граѓаните? – Поранешниот началник Ѓурчески вели дека од 2017та досега, енормно се зголемени нападите врз полициските службеници, а тоа се должи на високиот степен на корупција и криминалните групи кои имаат свои луѓе на високи раководни структури во МВР.

  • „Од оној случај со нападот на полицајката и удирање од пајакот и непреземањето на соодветни мерки на сторителот на тоа дело почнаа енормно да се зголемуваат бројот на нападаите на полциските службеници. За 300% се зголемени овие кривични дела во периодот од 2017 до денес, затоа јас често пати кажуцвам дека во министерството за внатрешни работи некој треба да си преземе многу голема политичка, морална па дури и ако треба, соодветна кривична одговорност.“ – Појаснува Ѓурчески.

Македонската јавност се почесто е сведок на насилие против безбедносните служби. Криминалци напаѓаат полицајци со солзавец и тоа во станици, неколку пати се палат автомобили на полициски началници, а тука не изостануваат ниту мафијашките престрелки во кафулиња и трговски центри, убиства, кражби и разбојништва.

Реклама

Екс-полицискиот началник Ѓурчевски, смета дека причината за ова е затоа што нема соодветна заштита на полициските службеници, тие се плашат да употребат сила во самоодбраназатоа што се соочуваат прогон од службата за внатрешнана контрола.

  • „Се создаде еден сектор кој што има за цел да врши тортура врз полициските службеници и да претставува еден вид закана за примена на средства за присилба со кои што се овластени полициските службеници да ги употребуваат во вршењето на службените задачи и тука се создаде кај нив еден страв, иако знаат дека треба да употребаат одредени законски овластувања, не ги употребуваат, се повлекуваат полициските службеници со што се нарушува безбедноста.“ – Вели тој.

За зачестените акции во затворите и постојаните поплаки на затворските служби дека не се безбедни, Ѓурчевски вели оти се должат на организирани криминални групи, кои преку корупција, уцени и закани, имаат преземено голем дел од контролата врз затворите и нивната управа.

Тој решението го гледа во реформа на службата за внатрешна контрола, како и во подобрување на економкскиот и социјалниот статус на вработените во министерството за внатрешни работи.

Никола Цветкоски