Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Дали Кренар Лога беше изигран од власта за Законот за амнестија?

Фијаското со законот за амнестија на Кренар Лога не е ништо друго,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фијаското со законот за амнестија на Кренар Лога не е ништо друго, туку само параван за лесното носење измени на Кривичниот законик со кој идните функционери нема никогаш да влезат во затвор за крадење на народни пари, а поранешните, се ослободија од кривична одговорност во предмети на организиран криминал. Со оглед на тоа што амнестијата не помина, а измените на КЗ како алва пројдоа во Парламентот – министерот Лога на прашање на Алфа, дали се чувствува изиграно, е дециден:

Изиграни се граѓаните, не јас!, вели за Алфа, министерот Кренар Лога.

Истовремено, Лога ја туркаше амнестијата, а неговата заменичка Мандиќ измените на КЗ, додека на јавноста и се „продаваше“ тезата за растеретување на  пренатрупаните затвори и директивите на ЕУ за кривичниот систем.

Реклама

Лошите услови и полните затвори, главниот адут на Лога во борбата за амнестија, не помина кај владејачкото мнозинство, а ослободувањето од одговорност на имиња од политичката сцена помина брзо и лесно кај пратениците.

Лога вчера тврдеше дека неизгласаната амнестија е одмазда на власта, бидејќи неговата партија Алијанса за Албанците не ги подржале измените на КЗ.

Но, факт е дека на власта не и беа потребни 8те гласа на Алијансата од каде доаѓа Лога за да си ги изгласаат измените, туку обратно, нему му беа потребни гласовите на владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ за да помине амнестијата.

Инаку, амнестијата не ги опфаќа осудените за 27 април, а ги опфаќа помагачите осудени на доживотен затвор за злосторството кај Смилковско езеро, од пред десетина години. Овој факт е доволен показател дека законот за амнестија, па и оној за измените на кЗ, се кроеле зад затворени партиски врати.

Кренар Лога е упорен и најави втор обид за законот за амнестија. Каква иднина ја чека неуспешната амнестија, зависи од евентуален политички концензус од страна на сите засегнати страни.