Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Скопјани се разбудија со топли радијатори, ама цената на парното е неизвесна

Точно во 06:00 часот утринава радијаторите на скопјани беа топли, ама се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Точно во 06:00 часот утринава радијаторите на скопјани беа топли, ама се изладија пред 10:00 часот, поради поволните временски услови. Грејната сезона, односно испорака на топлинска енергија за корисниците на парно почна точно на време, велат од ЕСМ. Ама пропаднаа ветувањата дека цевките на мостот „Беласица“ кој беше опожарен во мај, ќе бидат поставени на време, односно пред почетокот на грејната сезона. Па така останува отворено прашањето дали цената на парното ќе остане иста, или пак ќе порасне за одредена сума.

  • Доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува. Повторно апелираме до потрошувачите и „Управителите” односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки), велат од „ЕСМ“.

И додека граѓаните се во грч дали наскоро ќе добијат нови повисоки сметки за парно, на терен, околу опожарениот мост „Беласица“ нема никакви активности. Цевките се оставени под мостот веќе трет месец, а местото не е ниту расчистено, ниту пак санирано од изгорените остатоци. Па така пропадна уште едно ветување на премиерот кој пред 3 недели рече дека цевките на мостот ќе бидат поставени на време.

Паралено, од РКЕ велат дека снабдувачот е должен од 06:00 до 22:00 часот да обезбеди топлина од 20+1 степен целзиусов. Синоптичарите велат дека временските услови ќе бидат поволни, но не за долго. Заладување не очекува уште ноќеска.

Реклама
  • Времето денеска ќе биде умерено облачно и до крајот на денот ќе залади. Во текот на ноќта кон понеделник, информираат од УХМР, под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер, што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени.

Претходно, првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски, рече дека цената на топлинската енергија останува иста, а нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот „Беласица“ ќе биде поставен. До тогаш, ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост.

Грејната сезона ќе трае до 15 април, со можност за продолжување уште две недели, во зависност од температурата. Во моментов на топловодната мрежа на „ЕСМ“ се приклучени 63.000 потрошувачи на парно греење.

Борис Грујоски