Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Хаос за лични документи: Термини за истечените лични карти нема, ама затоа граѓаните имаат проблем ако вадат пари од банки

Хаос, гужва и нервоза во пасошките одделенија каде граѓаните со месеци чекаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаос, гужва и нервоза во пасошките одделенија каде граѓаните со месеци чекаат да извадат лични документи. На оние на кои сега им се истечени, а не можат да добијат термин за да си извадат нови, тешко дека ќе можат да си ја извадат платата или пензијата од банка ако немаат платежна картичка. Не може да се аплицира ниту за кредит, ниту пак за зголемување на дозволениот минус. Немањето важечки документ, повлекува и казна, ако на улица ги запре полиција. Со месеци траат проблемите на граѓаните телефонски да закажат термин, а од МВР даваат само ветувања дека проблемот наскоро ќе се реши.

До тогаш, граѓаните во нервоза само губат време вртејќи на двата броја, а единствено добиваат музика и снимен глас дека “во моментот сите оператори се зафатени“. А на терен операторите ги нема. Шалтерите се празни, а граѓаните се чудат кои од формуларите треба да ги пополнат.

Оние кои дошле на закажаното, завршиле работа, ама со тешки маки.

Реклама
  • Чекав со месеци, али сега фала му на Бога завршив. Денеска нема многу хаос, али гужва има, нема шалтерите не работат, али се трпи некако, дај Боже да има повеќе шалтери и да се врши работа како што треба, зашто вака е секој ден се похаотично, реагираат граѓаните пред камерата на Алфа.

Оние на кои им се брза пак, ќе си платат над 100 евра за документ по итна постапка.

  • Си плативме 100 и за неколку дена завршивме по итна постапка ќе се заврши работата, ама со многу пари, ианку редовно, ни закажаа за во јули в година, реагираат граѓаните.

По 12 февуари нема да можете да поминете граница ако на пасошот стои старото име „Република Македонија“. Неважечки ќе бидат и личните карти и ниту една институција нема да ги прифаќа како важечки документ.

Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.

  • „Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“, реагира Зибери.

Од МВР пак се правдаат дека се работело со полна пареа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е убеден дека сите граѓани ќе успеат да ги заменат своите лични документи со нови со новото уставно име до истекот на рокот во февруари в година. За да се забрза процедурата најави отворање на нови пунктови за лични документи.

  • Ние веќе подготвуваме еден посебен простор во Градот Скопје со инсталирање нови работни позиции, нови работни станици, на кои граѓаните ќе можат да извршат дактилоскопирање, сликање итн. за новите лични документи. Веќе во наредните денови ќе бидеме подготвени и ќе можеме да ги отвориме новите позиции во кои граѓаните ќе можат дури и без најава да дојдат и да ги менуваат своите документи, рече Спасовски во интервју за „360 степени“.

Инаку, трошокот за промена на личните документи за едно семејство изнесува 200 евра, откако во март годинава, поскапеа сите документи. Па така, пасош за луѓе над 27 години чини 2.000 денари, 500 денари повеќе од претходно. Личната карта поскапе за 120 денари и чини 320, а возачката дозвола 410 денари. Доколку сакате да добиете пасош по брза постапка тоа ќе ве чини дури три пати поскапо.

Борис Грујоски