Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Експерти: Никој не може да предвиди како ќе се движат цените на храната, нафтата. енергенсите годинава

Цените благо ќе почнат да се намалуваат, но инфлацијата ќе остане висока…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените благо ќе почнат да се намалуваат, но инфлацијата ќе остане висока и ќе продолжи да се мери во двоцифрени бројки. Некои основни прехранбени производи ќе ги задржат двојно поголемите цени и во 2023-та. Според аналитичарот Бранимир Јовановиќ, инфлацијата од сегашните 19 и пол ќе падне на 10% годинава, што вели не е малку за веќе осиромашениот народ. Поради пролонгирањето на војната во Украина, вели никој точно не може да предвиди како ќе се движат цените на храната, нафтата и енергенсите во наредниот период.

Од синдикатот реагираат дека платите мора да растат за да држат чекор со инфлацијата. Со растот на минималната плата за 120 илјади работници ќе се подобрела состојбата, но дури и тоа немало да биде доволно бидејќи инфлацијата е двојно повисока од зголемувањето на најниските примања.

Според Јовановиќ, ништо посебно не би требало да се очекува со моменталните владини мерки за сузбивање на инфлацијата. И покрај поевтинувањето на струјата за прехранбените компании, алчноста на трговците била преголема, па ако инспекторите не излезат на терен за да казнуваат, цените ќе останеле вештачки напумпани. Според него, неопходно е Владата да креира мерки за помош на најзагрозените категории на граѓани, бидејќи во спротивно сиромаштијата во земјава нагло ќе се зголеми.

Реклама

Во последниве две седмици, се забележува минимално снижување на цените, кое е далеку помало од најавите на Владата. Надлежните упорно смируваат дека ако трговците не ги следат сигналите за да ги поевтинат производите, ќе мора да има и замрзнување на цени. Засега не се знае кога тоа би се случило. Во неколку наврати реагираше и Народната банка која ја подигна основната камата нагоре, но поради повисоките увозни цени, ефектите беа минимални. Инаку годинешниот буџет е скроен врз основа на проекции за инфлација од 7,1%. ММФ веќе предупреди дека една третина од светот ќе биде во рецесија и дека инфлаторните притисоци ќе продолжат и во 2023-та година.

Тања Попова