Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Дали Македонија е подготвена за ескалација на конфликтот во Украина?

Ако војната во Украина ескалира и се пролонгира, последиците ќе бидат огромни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако војната во Украина ескалира и се пролонгира, последиците ќе бидат огромни не само за Македонија, туку и за цел свет. Загриженоста нагло се зголеми последнава недела по најавите на рускиот претседател Путин за мобилизација на резервистите, распишување на референдуми за отцепување во окупираните региони во Украина, како и заканите за употреба на нуклеарно оружје.

Се очекува енормно да се продлабочи и кризата со енергенси, горива и храна. Засега нема информации дека македонската влада има план Б за да се справи со сите овие кризи на долг рок. Од Агенцијата за стокови резерви велат дека количините се оние што се пропишани и нема налог за нивно зголемување. Директорот Абдурахмани не очекува дека ќе дојде до најлошото сценарио, но вели дека постојат договори со соседните земји кои имаа солидна жетва годинава, па недостаток на храна ќе немало.

„Не дај боже да дојде до тоа да се користат државните резерви. Тие се користат кога нема доволно количини на пазарот и нема од каде да се набават. Имаме доволно количини да ги пребродиме овие состојби. Треба да се види програмата до крајот на годината. Ние со ребалансот имавме дополнителни средства. Ако згусти, а не верувам дека ќе дојде до некоја вонредна ситуација, тогаш е друга постапка. Досега сè си тече нормално според програмата“ – вели Реси Абдурахмани – директор на Агенција за стокови резерви.

Реклама

Досега 7- месечната војна во Украина, која се случи веднаш по пандемијата доведе до најголема нерамнотежа во глобални рамки по Втората Светска Војна. Македонија се соочи со највисока инфлација во последниве 28 години и енормни поскапувања на храната, енергенсите и горивата. Евентуалното заострување на воената агресија ги подгрева стравовите дека би можеле повторно да ни се случат недостатоци од одредени производи и нафтени деривати, како на стартот на војната, кои, пак, предизвикаа паника и редици граѓани во маркетите и на бензиските пумпи.

Од Владата засега велат дека состојбата будно се следи на дневна основа и институциите ги преземале сите неопходни мерки. Биле обезбедени пари за надополнување на стоковите резерви ако за тоа има потреба, а соседите ќе ни помагале во набавка на храна и енергенси. Доволно помош била обезбедена за земјоделците, а засега стабилно било и снабдувањето со нафтени резерви.

„Владата ја зајакнува меѓународната соработка токму во насока на обезбедување стабилно снабдување со прехранбени производи. Во рамките на Иницијативата Отворен Балкан се обврзуваме за заедничко справување со кризата во однос на храната и овозможуваме сигурност на граѓаните, имаме договор со партнерите од Албанија и Србија, кој помага во овој дел. Разговараме за здружување на нашите сили и во однос на сигурност во енергетскиот сектoр“

Сепак, нема одговор дали финансиски земјава е подготвена доколку војната во Украина се пролонгира. Исто така, не се знае, ако сè уште не се обезбедени пари за покривање на годинешниот буџетски дефицит, како и од каде би се финансирале сите овие операции без премногу да се зголеми јавниот долг и да се удри врз животниот стандард на населението. Ако до пред неколку месеци експертите сметаа дека оваа криза е со ограничен рок на траење, сега повеќе никој не очекува стабилизација ниту до крајот на првата половина од 2023-та година.

Тања Попова