Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Државна ревизија: Лани над 116 милиони евра од државните институции завршиле на погрешно место

Скоро 100 милиони евра завршиле на погрешно место при спроведување на јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скоро 100 милиони евра завршиле на погрешно место при спроведување на јавни набавки, а над 21 милиони евра институциите потрошиле спротивно на законите, утврдиле државните ревизори. Од државниот буџет во минатата  2021 година не биле исплатени 28 милиони евра за надоместоци, а од општинските каси скоро 2 милиони евра. Во годишниот извештај Државниот завод за ревизија детектира 1170 наоди, од кои 72 биле кај јавните набавки.

– Со извршените ревизии имаме констатирано неправилности во делот на договорите за јавни набавки кои изнесуваат приближно 96 милиони евра. Се однесуваат во делот на слабост во реализација на склучените договори за јавни набавки, слабости во фазата на склучување на договорите, неправилности при подготовка на тендерската документација или техничката спецификација, тендерска документација која содржи ограничувачки елементи во делот на конкуренцијата, неправилности во евалуацијата на понудата и слабости во делот на планирање на јавните набавки. Во делот на помалку пресметани или помалку уплатени средства во Буџетот на државата, пак, се утврдени неправилности во износ од 20 милиони евра – истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Државниот завод за ревизија регистрира и дека рокот на завршување на капиталните инвестиции се одолговлекува со анекси на договорите кои и ја зголемуваат вредноста на проектот. Како примери се наведуваат патот Кичево- Охрид, регионалниот клинички центар во Штип, изградба и реконструкција на делницата Бељековце – Крива Паланка или Коридорот 8.

Реклама

Ако склучениот договор за изградба за автопатот Кичево – Охрид бил тежок нешто над 411 милиони евра, во 2022 година достигна неверојатна вредност од скоро 600 милиони евра и дополнителни 5 анекси на почетната спогодба.

Од друга страна, задолжувањето на државата е на горна граница зголемен за 15 проценти регистираат ревизорите минатата година, а проблем е и тоа што нема закон за управување со јавниот долг во време на криза. 

Викторија Миткова