Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

КСС: Договоривме зголемување на платите на вработените во општина Битола за 2.806 денари

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ве информира за уште еден успех…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ве информира за уште еден успех во подобрување на работничките права за којшто во изминатиот период работиме напорно и посветено. Имено, на средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњаноски беше договорено зголемување на платите за 2.806 денари во локалната самоуправа и во јавните претпријатија кои се под нивна ингеренција. Мораме да се заблагодариме на раководството на општина Битола и сите директори на јавните претпријатија на разбрирањето коешто го покажаа во делот на платите на работниците коишто се под нивна ингеренција, во делот на зголемените животни трошоци и подобрувањето на социо – економскиот стандард.

Ова само по себе покажува дека социјалниот дијалог е се уште жив и функционира во локалната самоуправа со новите раководства, коишто покажуваат значителна грижа и разбирање за работничките права.

Ваквиот бран на водење рамноправен, фер и коректен социјален дијалог во делот на локалната самоуправа требаше да биде начинот на којшто Владата можеше да се грижи за работниците во изминатите четири години, коишто се под нејзина ингеренција и затоа КСС ја повикува власта, што посокоро и што побрзо да ги следи добрите примери на дел од градоначалниците и раководствата во локалната самоуправа.

Реклама

КСС се надева и работи во делот на подобрувањето на работничките права и зголемувањето на платите, но за жал мораме да констатираме дека на централно ниво овој процес е скоро невозможна мисија. Затоа уште еднаш ја повикуваме власта на разум и транспарентност и да се одважи во исполнување на барањата на работниците во јавниот сектор каде што е работодавач и да престане да се конфронтира со работниците, а воедно да се случуваат тензии како што е во периодот сега и претходно.

Исто така, ги повикуваме сите пратеници во Собранието, особено оние од власта, коишто треба да ги прифатат амандманите поднесени од синдикатите, во делот на платите и помошта што треба да ја добијат работниците, во спротивно сите тие коишто ќе гласаат против и ќе го сопрат овој процес за нас ќе останат „непријатели на работниците“ и ќе бидат запаметени за урнисување на работничките права.