Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Наставничка по математика навредувала и психолошки малтретирала ученици во „Љубен Лапе“

Навреди, закани, недолични зборови – наставничка во Основното училиште „Љубен Лапе“ со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навреди, закани, недолични зборови – наставничка во Основното училиште „Љубен Лапе“ со години вршела психо-физичко малтретирање на учениците. Денеска шестоодделенците ја бојкотираа наставата по математика а претставници на Советот на родители јавно проговорија за проблемите што ги имаат нивните деца. Раководството на училиштето не презело ништо за да се реши проблемот.

Наставничката по математика Анета Костоска грубо ги крши Стандардите за професионално однесување на наставниците во основните и средните училишта, утврдени од министерот за образование и наука, како и направени се потешки прекршувања на Етичкиот кодекс на училиштето. Законот јасно утврдува дека грубото и потешко прекршување на одредбите претставува основ за суспензија на наставникот и утврдување на одговорност – велат од Советот на родители.

Зошто проблемот е со години заглавен во судските лавиринти?

Реклама

Бидејќи сметаме дека ги исцрпивме сите законски можности, започнуваме со бојкот на наставата се до исклучување на наставничката од настава по математика, поради несовесно и незаконско работење на штета на учениците, постапка која сериозно ги крши правата на децата по повеќе основи – велат родителите.

Во моментите додека камерите беа пред училиштето, директорката која со години не го решавала сериозниот проблем, си поднесе оставка. Таа претходно побарала од Бирото за развој на образованието да извршат увид врз работата на наставничката – процес што требал да продолжи и во второто полугодие. Но, според родителите ова е само одолговлекување на справувањето со наставничките.

Побарано е од Просветен инспекторат да се изврши увид врз работата на наставничката – истакна поранешната директорка на училиштето Маријана Панчевска.

Бојкотот на наставата наиде на поддршка од Општина Аеродром за која градоначалникот вели иако нема многу ингеренции да го реши проблемот, денеска ќе назначи нов в-д директор чијај прва цел ќе биде да го расчисти овој случај.

-Надлежностит за наствинот процес се на министерството за образование и државниот просветен инспекторат, но општината беше свесна за состојбите во училиштето и имавме повеќе средби и со директорката како и со родителите. Она што се случува во училиштето за нас е недозволиво. Ние лично се заложивме и јас како родител на дете и просветен работник разбирам за дел од гледиштата на родителите прв фокус ни е обезбдеување на непречен развој на децата во училиштата и во таа насока во најбрз можен рок, ќе имаме конкретно решение, вели Муцунски.

Новиот в.д директор со сите механизми треба да го активира Просветниот инспекторат по што ќе се постапува доколку се констатира неправилност во работењето на наставничката.

Адријана Алексиеска

https://youtu.be/XhjuxhYzP0A