Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Архитекти и активисти: Богданиовиќ или нека бара суспензија за кулите кај „Холидеј Ин“ или нека си поднесе оставка

Не е точно дека рацете на градоначалникот Саша Богдановиќ му се врзани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не е точно дека рацете на градоначалникот Саша Богдановиќ му се врзани и не може да преземе ништо за да го спречи подигањето на зградите во центарот на Скопје тврдат активисти и архитекти. Тој знаел многу порано за проектот кој што се планира наспроти „Холидеј Ин“-  вели архитектот Андреја Јанков. Одобрувањето на идејниот проект било доставено до општина Центар пред најмалку четири месеци, но тогаш јавноста не била информирана вели Јанков.

„Тогаш не била алармирана јавноста дека такво решение е издадено. За да стигнете до плаќање на комуналии, тоа значи дека вие веќе сте изработиле основен проект, со сите потребни фази односно архитектура, градежни конструкции, водовод и канализација, електрика, машинство, значи сите фази морале да билат завршени и дури потоа имате право да го поднесете барањето за одобрение во предметната општина“-вели Андреа Јанков- архитект.

Граѓанските активисти се тркаат со времето за да ја спречат катастрофата како што го нарекуваат проектот во центарот на Скопје. Сметаат дека градоначалникот Богдановиќ има начин да го спречи ова. Ако го испрати барањето за суспензија до министерството за транспорт и врски тогаш топката е кај нив.

Реклама
  • „Има начин да го сопре ова, наместо да покужува апел други институции да го спречат ова. Моќта сега е во негови раце. Значи треба да направи едно попратно писмо, работата е пет минути. Другата фокусот е на Министерството за транспорт и врски. На него е сега одлуката, а ако не .. Да поднесе оставка “ – вели Невена Горгиевска од О2 Иницијативата.

Граѓаните и граѓанските иницијативи ќе се борат до самиот крај да го спречат проектот. Секој кој направил пропуст нека сноси одговорност вели Ѓорѓиева.

Ако трите згради се подигнат на парцелата еден наспроти „Холидеј Ин“ тогаш сите граѓани ќе се соочат со проблемите за кои сега алармираме вели Горгиевска, и смета дека успехот во блокирањето на оваа градба, ќе спречи да се гради  и на останатите три парцели.  

Викторија Миткова