Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

За кои авторски дела Амон-Мра и Митрова земаа хонорари од народни пари?

Што сработиле Петрир Сарачини, Ивана Митрова, синот на пратеникот Самка Ибраимовски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што сработиле Петрир Сарачини, Ивана Митрова, синот на пратеникот Самка Ибраимовски и дузина хонорарци плаќани од народни пари за Владата? Ангажманот на над 50 лица кои хонорарно работат за Владата ги чинат граѓаните илјадници евра кои во време на пандемија можат да бидат искористени на поинаков начин, особено ако се земе предвид фактот дека здравствениот систем моментално е пред колапс. Побаравме одговор од Владата кои се авторските дела на хонорарците, но одговор за тоа не добивме. Само ни кажаа дека делата кои биле подготвени од соработниците непречено ги користеле службите во Владата и институциите.

Сите хонорарно ангажирани лица од страна на Владата имаат авторски договори на определен рок за точно утврдени цели и задачи. Владата транспарентно ги објави сите овие податоци како стандард што до сега го немало во Македонија- велат од Владата.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со жестоки реакции, додека народот е на просјачки стап, Владата се разфрла со пари.

Реклама

– Со народни пари, како хонорарци чии имиња беа криени од јавноста до вчера, е плаќан и Дамир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски, коалиционен партнер на Заев и заменик директор на „Македонија пат”. И додека Самка ги лаже Ромите со покачена социјална помош, неговиот син земал 40.000 денари месечно како хонорарец. 53.000 денари хонорар од Заев добил и професорот Ванчо Узунов, кој беше и потпретседател на СДСМ. На листата хонорарци се најде и името на Ивана Митрова, секретарка на Драги Рашковски, која земала 38.000 денари. Независен колумнист, и владин хонорарец во исто време, тоа е Петрит Сарачини, кој месечно од владата бил плаќан 42.000 денари, рече Костовски.

Владиниот пр-џија и познат Твитерџија Амон Мра односно Петрит  Сарачини кој откако се ојбави неговото име, не креваше на мобилен, денеска се јави на фејсбук, се чуди зошто бил предмет за потсмев и навреди, само затоа што добивал авторски надоместок од државата без никакво кршење на законот.

Инаку од Владата ги објавија имињата на 55 хонорарци кои работат кај нив, иако биле 58, што значи дека три имиња не се објавени, од Илинденска се правдаат нивниот договор бил веќе истечен.

Мери Ѓорѓиевска