Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Кочоска до Филипче: Наместо да ситните статуси за Гордана, земете пенкало и напишете си ја вашата оставка

Поранешната министерка за Финансии Гордана Димитриеска Кочоска преку статус на Фејсбук побара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешната министерка за Финансии Гордана Димитриеска Кочоска преку статус на Фејсбук побара од министерот Венко Филипче вината за неспособноста со справување со есенскиот бран да ја бара во поранешната министерка Нина Ангеловска, но не и во неа.

-Го гледам Венко Филипче како својата неспособност да се справи со кризата ја крие со мене, со оправдување дека моето блокирање на кредитот довело до оваа ситуација и тоа три месеци откако јас не сум во Владата и девет месеци откако знаеше дека ќе има есенски бран.
Неспособен министер за смрт, многу добро сте запознаен со Законот за Влада на Република Македонија којшто кажува дека во случај кога има несогласување помеѓу министерот и техничкиот заменик министер се бара мислење од ДИК. Тука ја приложив и одлука на ДИК па народот нека види дека МОЈОТ ПОТПИС, по закон НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН.
А вие одговорете зошто ВАШАТА министерка и покрај тоа што имаше право, а и време да го потпише кредитот, го одби и не го потпиша.
Мислев дека еден универзитетски професор, неврохирург ќе има барем малку достоинство и ќе престане да се крие зад мене, а ќе се бори со најголемиот предизвик којшто го имаме денес. Ама, после овие неколку месеци се разочарав тотално од вас, не како министер (одамна се имам разочарано) ама и како проефесионалец кој својата неспособност ја префрла врз некој којшто врска нема со целата оваа ситуација.
Министер кој е професионалец ќе искористеше до сега од таа 1,1 милјарда евра кои ги потпишав за да се бори против короната. Ама како што кажав, способен и квалитетен професионалец. Вие не сте ни едното ни другото.
И сега немате некој нов Наќе или Гордана да биде изговор за вашата неспособност.
Со други зборови ја оплескавте.
И не ќе беше тоа толку страшно доколку таа ваша неспособност денес не се плаќаше со животите на луѓето кои се губат катадневно, а одат на вашата нечиста совест.
Ако имате грам морал, како што сум убедена дека немате, наместо да ситните статуси за Гордана земете пенкало и напишете си ја вашата оставка. Што побрзо тоа подобро. Што поскоро, тоа повеќе луѓе ќе се спасат од вашата неспособност, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

https://www.facebook.com/GordanaDimitrieskaKochoska/posts/207475114101246