Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче потфрлија, Македонија е помеѓу земјите со најголема смртност од Ковид-19 во Европа

Заев и Филипче потфрлија. Македонија според Би Би Си е една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев и Филипче потфрлија. Македонија според Би Би Си е една од земјите со најголема смртност во Европа. Според нив бројот на умрени на 100 илјади жители е 34.6, што е 10 пати повеќе од бројот на починати од корона во Грција на истиот број на жители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Македонија под палката на Заев и Филипче има 737 починати и над 17 илјади заразени од коронавирус, иако првичните прогнози им беа дека бројот на заразени нема да оди над 2000. Се што кажаа излажаа.

-Заев и Филипче не беа способни да се справат со коронакризата. Македонија не е излезена од првиот бран, кој постојано доживува нови пикови. Во сред лето со СДСМ и нивната неспособност имавме троцифрена бројка на заразени секој ден. Со почетокот на есента се очекува и вирусот да се шири во позасилено темпо, но Заев и Филипче немаат направено ништо да превенираат евентуални катастрофи. Ветија 16 монтажни болници, и ништо од тоа нема. Целиот процес на управување на Заев и Филипче е под ниво. Секојдневно медицински лица, лекари и сестри си заминуваат од државата поради лошиот однос кон нив. Од фелата алармираат дека Македонија ќе се соочи со масовни заминувања на медицински лица по завршување на коронакризата, тоа е последица на нечовечкиот однос на лицата од власта, за што најодговорни се Заев и Филипче. Македонија само тоне. Со Заев и Филипче пред колапс е и здравството. Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да си заминат, стои во партиското соопштение.