Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев нема министер за привлекување на инвестиции, статистиката покажува одлив на странски капитал

Од државата се одлеваат странски инвестиции затоа што владата на Заев е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од државата се одлеваат странски инвестиции затоа што владата на Заев е криминална и затоа што нема ниту еден министер за привлекување на инвестиции. Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупнуите директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9.3 милиони евра. Ова е доказ дека владата не носи инвестиции, туку и ги брка постојните, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од почетокот на годината до денес немаме ниту една нива инвестиција во државата, и капиталот што влегува во државата е реинвестиција на постоечките капацитети, кои се дојдени и инвестирале во државата благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Епилогот на ова е драстичен раст на невработеноста. За само 5 месеци во државата има 40.000 невработени лица повеќе. Тоа е резултат на неспособноста на Зоран Заев и желбата да се задоволи личниот и партискиот интерес пред државниот. Бројот на работните места уште сега опаѓа, а тоа го покажуваат и релевантни институции. Државниот завод за статистика вчера објави податок дека бројот на работници во индустријата во периодот јануари – јули оваа година во споредба со лани е намален за 4.6 %.  Македонија има влада која нема да создава инвестиции и нема да генерира нови работни места, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Заев покажува невиден аматеризам и ја става иднината на државата во раце на луѓе кои немаат план и не знаат како.

Реклама

-Македонија како последица на лошите политики е симната на листата на Дуинг бизнис, каде своевремено беше на високото 10 место, а сега е на 17 место, со ваква влада уште ќе паѓа, а бројот на компании кои би се решиле да дојдат во Македонија се повеќе ќе се намалува. СДСМ ниту има план, ниту стратегија што со Македонија. Колку повеќе е Заев на власт толку поголеми ќе бидат штетите по државата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.