Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Вељаноски: Не можев да му го одземам зборот на Ибрахими, се што направив е според деловникот

Не смеев да му го одземам зборот на Зекирија Ибрахими, се што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не смеев да му го одземам зборот на Зекирија Ибрахими, се што сторив на 27 април беше согласно деловникот на Собранието, кажа во своја одбрана пред судот поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, еден од обвинетите за организација на настаните од 27 април. Презентирајќи ги стенограмските записи и видео материјалот од седницата, кога се случија немилите настани во Собранието, Вељаноски вели дека не е точно она што му се става во обвинението, дека било договорено да му даде предност на Ибрахими, кој ја запеа албанската химна во Собранието. Поранешниот собраниски спикер посочи, дека во видеото јасно се гледа дека Ибрахими е на ред за збор, а дека меѓу него и Мукоски кој претходно ја запеа македонската химна имало три пратеници кои говореле.

-Не е точно дека се дава збор на господинот Зекирија Ибрахими надвор од процедурата, има три процедурални јавувања кои што се исполнети. Повикан е дури и господинот Панчо Минов како пратеник за процедурално, кој што се произнесува дека нема такво, дека има реплика или контра реплика. Истиот не се повикува и со оглед на наредниот кој што имал процедурално е Зекирија Ибрахими, изјави Еленко Миланов.

Реклама

Вељаноски заврши со презентирањето на материјалните докази, наредните рочишта ќе бидат испитувани предложените сведоци од негова страна, а меѓу нив и 10тина пратеници, меѓу кои и Ибрахими.

-Имаме докази вербални, тоа се членови на комисии, координатори, во главно пратеници, од сите партии. Господинот Зекирија Ибрахими, господинот Талат Џафери, од ДУИ други пратеници, има од СДСМ, исто така од ВМРО, изјави Еленко Миланов, адвокат на Трајко Вељаноски.

Вељаноски пред судот се осврна и на говорот на Заев, каде тогашниот опозициски лидер најави дека изборот на Џафери за собраниски спикер ќе се случи и надвор од собраниската сала „Македонија“. Спомена и дека со изборот на Џафери кој предизвика револт кај граѓаните, од СДСМ го прекршиле договорот кој го имале сите пратеници, седницата да продолжи наредниот ден.

Матеја Петровски