Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Зголемени нивоа на речиси сите реки споредено со просекот за август

Нивото на реката Вардар кај Јегуновце изнесува 124 сантиметри, а просекот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нивото на реката Вардар кај Јегуновце изнесува 124 сантиметри, а просекот за август е 32 сантиметри, кај железничкиот мост во Скопје се измерени 114 сантиметри, а просекот за авуст е 66.

Нивото на Вардар е повисоко и кај мерната станица кај Велес каде се измерени 130, а просечна вредност за август била 36 сантиметри.

Зголемување на водостоите се бележи и кај другите реки. Поголемо зголемување на нивото се бележи кај реката Струмица кај Ново Село со измерени 155 сантиметри, каде просечната вредност за август била 66 сантиметри.

Реклама

Помало зголемување се бележи и кај реката Црн Дрим кај Ложани каде УХМР измерила 138 сантиметри, што е само за петнаесеттина сантиметри поголемо од просекот за август, кој на ова мерно место изнесува 121 сантиметар.

Благо зголемување на нивото на водата има кај Дојранското езеро. Таму вчера биле измерени 147 сантиметри, а просекот за август на истото мерно место бил 144 сантиметри. Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се движат во рамки на просекот за август.