Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Настава во училиштата преголем залак за Македонија во услови на Ковид 19?

Нема услови да се спроведат ригорозните протоколи за заштита од Ковид 19…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема услови да се спроведат ригорозните протоколи за заштита од Ковид 19 во градинките и училиштата во општина Гевгелија – вели епидемиологот д-р Сашко Олумчев. Дури и да започне учебната година од септември, помалите ученици нема да можат да издржат цело време да носат маски, а учениците до 14 години, како асимптоматски носители, се двојно повеќе заразни – додава Олумчев.
– Ќе имаме, нели, секако, носители асимптоматски, особено меѓу децата, многу брзо, еве и да почне училиштето, многу брзо ќе ни се јави некој позитивен. Штом се јави некој позитивен, сметајте дека цело одделение оди во изолација. Покрај одделението оди и наставникот во излолација, ако се работи за вишите одделенија, сметајте дека ако одржале повеќе наставници часови, ќе одат и тие наставници во изолација, така да, малку ќе се искомплицира тој процес.

Според него, се наметнува прашањето колку самите ученици ќе држат физичка дистанца и ќе внимаваат на личната хигиена? Тој вели дека дезинфицирањето на клупите и училниците по секој час ќе одзема многу време и финансии. Има деца хронично болни, како и наставници, па сето тоа ќе придонесе задачата тешко да се спроведе а времето е прекратко. Отворањето на училиштата секако ќе го зголемат бројот на заразени.

 – Единствено што лично мене не ми се допаѓа, е тоа што беше дадена изјавата, не знам од кој беше дадена, од Комисијата или штабот, дека во општините каде што има најмала бројка на заразени, таму сигурно ќе почне школската година. Значи таму има најмала бројка на заразени затоа што се почитуваат мерките, ама не значи ние, да таму кај што имаме најмала бројка на заразени, да ја зголемиме таа бројка и на ниво на цела Р.М почнат да ни растат бројките.
Најдобра одлука според него, е да се продолжи со онлајн настава. Д-р Олумчев не е оптимист дека оваа година ќе добиеме вакцина против короната, затоа што, како што вели, потребни се најмалку две години за да се видат ефектите и нус ефектите од една вакцина.

Реклама

Дијана Тасева