Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Во среде Мавровка расте зграда, ќе се урива ли објектот?

На местото на некогашното кафуле Фонтана во Мавровка, што се запали и…

Сподели:

На местото на некогашното кафуле Фонтана во Мавровка, што се запали и згоре до темел, за време на полициски час пред околу 2,5 месеци, се гради „на големо“. Во обид да дознаеме што се случува, како се приближивме до работниците, така тие се повлекоа и престанаа да градат. Градежниот објект веќе не личи на кафуле туку на зграда на 2 спрата, а според тенденцијата изгледа уште ќе расте.

На лице место го побаравме телефонски сопственикот Мевљудин Алити. Веднаш го прашавме зошто уште се работи на објектот ако е позната изјавата на градоначалникот на Чаир дека објектот е дивоградба и ќе се урива? Одговор од другата страна немаше, туку Алити го прекина разговорот. А градоначалникот Висар Ганиу пак изутрината беше на состанок, така ни рече лицето, кое се јави на неговиот телефон кога го побаравме. До овие вести Ганиу не не удостои со повик.

Инаку за него,  објектот пред 20-тина дена беше легален. Ганиу тврдеше се гради според издадената дозвола, така потврдиле и општинските инспектори. Ама пред само 5 дена го смени мислењето. Одеднаш изјави дека е  дивоградба па најави и нејзино уривање за почетокот на оваа недела. За дел од медиумите објаснил дека сопственикот е известен за уривањето.

Реклама

На потег сега е Државниот градежен инспекторат кој треба да утврди дали објектот кој што се гради кај трговскиот центар „Мавровка“ е законски или не. Од Инспекцискиот совет на 16 јули испратиле налог до нив да излезат на терен со градежни инспектори од Општина Чаир и да спроведат заеднички надзор.

Први кои дошле на терен комуналните инспектори на Град Скопје да видат што се гради на местото каде што изгоре угостителски објект. Констатирале градежни работи, но немаат ингеренции за повеќе, па ги алармирале другите институции.

Викторија Миткова