Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Пандемијата ги клекна на колена актерите и музичарите

Актерите не глумат, а музичарите не свират. Пандемијата на колена ги клекна…

Сподели:

Актерите не глумат, а музичарите не свират. Пандемијата на колена ги клекна уметниците. Стопирањето на концертите, свадбите, ноќните свирки ќе потрае уште долго,а штетите допрва ќе се сумираат вели познатиот штипски гитарист Ивица Јорданов. Тој е еден од плеадата уметници  кои во изминатите четири месеци се принудени да свират, но само дома.

 “Се уште не свириме, се уште нема концерти,настапи, свадби.се плакаат лугето.мислам дека оваа 2020 ќе остане ваква. Многу настани што ни беа закажани  се презакажани за во 2021година. Прашање е дали и тогаш ќе се случат овие настани”-изјави Јорданов.

Јорданов не само што ги свири, тој е можеби и единствениот реставратор на стари гитари во југоисточниот регион.Повеќе од петнесет години  им дава живот на инструментите од кои и сопствениците се откажле. Занаетот го учел сам. Има обновено над стотина, но со гордост ги истакнува поправките кои ги направил  на  гитарите на кои се учеле музичките великани Никола Бадев и Влатко Стефановски.

Реклама

Гитарите на Влатко Стефановски се моја задача. Ја имам реставрирано неговата прва акустична гитара што му ја имат купено како дете на 12-13годишна возраст-изјави Јорданов.

Во отпуштен и лежерен разговор пропратен со мирис и звуци од акустична гитара нашиот соговорник констатира дека младите повеќе сакаат старото да го заменат со ново, наместо да го поправат . Во неговата колекција освен акустични и електрични гитари, има стари гудачки и жичани инструменти кои иако не вредат многу, за него преставуваат вистинско богатство..

Александра Ристевска