Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Учениците се подалеку од враќање во школските клупи

Училишните порти по се изгледа ќе останат затворени и по 1-ви септември,…

Сподели:

Училишните порти по се изгледа ќе останат затворени и по 1-ви септември, а учениците и студентите нема да се вратат школските клупи, велат дел од професорите за Алфа кои полека кројат планови како ќе изгледа виртуелната настава. Ако се суди по епидемиолошката слика од земјава, професорите велат ќе мора училницата да се пресели во домот.

– Во ек на пандемија, виртуелната настава се повеќе станува реалност, а потребата од функционално образование бара негова неопходна дигитализација. Една од образовните институции која најдобро се прилагоди на ситуацијата е Факултетот за информатички науки, вели за Алфа универзитетскиот професор на ФИНКИ, Анастас Мишев.

Нема да има оправдување ако во септември има неспремен образовен систем вели Мишев, кој смета дека до почетокот на учебната година има доволно време да се лоцираат главните проблеми.

Реклама

Дека системот на онлајн учење потфрлил реагираат и граѓаните. Велат дека ништо не може да ја замени физичката настава на училиштата. Алфа праша родители, но и ученици за виртуелното учење, за што децата реагираат дека ќе биде тешко, а родителите дека тие вршеле голем дел од работата на учениците.

Претходно, се побунија и синдикатите оти власта правела стратегија за новата учебна година, без да ги чуе и нивните размислувања. велат, образованието мора да биде квалитетно, без оглед на панедимијата.

Од Министерството за образование велат правеле стратегија за електронско учење. Како опции остануваат и воведување повеќе смени, помалку деца во училница ако паднемија попушти.

Родителите со месеци критикуваа дека децата потешкиот наставен материјал можат да го совладаат директно од наставниците. Голем дел на ученици од руралните средини немаа ни компјутери а камо ли интернет, за да следат виртуелна настава.

Борис Грујоски