Скопското обвинителство за ТВ Алсат потврди дека Кривичниот суд го прифати нивното барање и со 10.000 евра ја казни поранешната директорка на Кожната клиника Нина Цаца Биљановска порaди пренесување на заразна болест.
Докторката казната ја доби бидејќи наместо да оди во самоизолација по враќање од пат од Италија, таа одеше на работа, по што целата кожна клиника беше оневозможена да работи.
На првостепената пресуда Биљановска има право на жалба.
