Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Вонредната завршува, Заев сега бара избори на 8 јули

Ќе имаме ли избори без целосна набљудувачка мисија на ОБСЕ и ОДИХР?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе имаме ли избори без целосна набљудувачка мисија на ОБСЕ и ОДИХР? Времето истекува…ќе се договорат ли Заев и Мицкоски до вечер за датум за избори? По 88 денови вонредна состојба од лидерите на власта и опозицијата зависи дали истата ќе биде продолжена за неколку дена со цел одредување на ден за народно изјаснување со консензус.
Вчерашната лидерска средба од потесен состав не вроди со плод, датум не беше договорен, само се договорија да се продолжат да комуницираат.
Денеска Заев во Струмица го повтори речиси истото од вчерашната партиска прес-конференција, дека избори може да има и на 8ми јули.

  •  Ако се прифати осми јули ќе го замолам претседателот на Владата и министрите да се соберат доцна во текот не денот, да свика владина седница и да донесат предлог за продолжување на вонредната состојба од три дена, овој пат заради договор со опозицијата, бидејќи немаме аргументи заради економски причини да барам вонредна состојба, но тие три дена ќе дадат правно разрешување на можноста, токму на осми јули да одиме заедно на избори, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Повика на инклузивен изборен процес со учество на опозицијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Пендаровски учествувал во одлука за брзи избори, без набљудувачи од ОБСЕ и на директна штета на здравјето на граѓаните.

  • Стево Пендаровски самиот изјави на 15 мај дека не ни помислува како институција да учествува во избори кои нема да бидат набљудувани од ОБСЕ и ОДИХР, неколку недели подоцна тој како претседател активно учествува во носење на одлука за брзи избори на директна штета на здравјето на граѓаните, а се со цел да му удоволи на Зоран Заев. Избори без набљудувачка мисија се избори за фалсификат на Заев велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според извори на Алфа, Мицкоски на вчерашната лидерска настапил со ставовите дека здравјето на граѓаните мора да е пред се, но и дека има потреба од кредибилен изборен процес за кој е потребен увид во избирачкиот список, но и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Од СДСМ пак велат дека ВМРО-ДПМНЕ правеле збрка со правни прашања на лидерската.

Реклама

Додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преговараат за избори, од партијата на интегративиците го повторуваат ставот дека е време за албанец премиер.

  •  Време е за премиер Албанец. Ова не е нашиот нов слоган, туку и пулс на нашето време.Дојде време еднаквоста да биде реална и цела. Нашите деца да видат дека тие утре можат да постигнат се во својата земја, дури и позицијата Претседател на Влада.

Доколку во следните 12 часа нема договор, вонредната состојба ќе заврши, по што ќе се активира уредбата донесена од страна на Владата за продолжување на изборните дејствија, по што избори ќе има на 5-ти јули, иако опозицијата ја спори законитоста на уредбата, а државната изборна комисија велат дека немаат доволно време за подготовка.

Мери Ѓорѓиевска