Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Денарот е и ќе остане стабилен, тврдат од НБРМ

Граѓаните треба да бидат спокојни. Гарантираме дека денарот е и ќе остане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните треба да бидат спокојни. Гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен. Нема и нема да има промени на нивото на неговиот девизен курс – тврдат од Народната банка на Македонија, отфрлајќи ги шпекулациите дека во прашање е доведена стабилноста на денарот.

Девизните резерви, кои се клучната гаранција за стабилноста на девизниот курс на домашната валута, во изминатиот период достигнале историски највисоко ниво.

Од почетокот на овој месец, тие остварија раст од 603,8 милиони евра.  Високото ниво на девизните резерви од над 3 милијарди евра, не само што е соодветно за одржување на стабилен курс на денарот, туку како што веќе и имаме посочено, тоа е двојно повисоко во однос на 2008 година, кога како централна банка успешно одговоривме на предизвиците од тогашната глобална економска и финансиска криза – нагласуваат од НБМ.

Реклама

Потсетуваме дека Народната банка има и низа инструменти што се дополнителна гаранција за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

И најновите проекции на Народната банка, покажуваат дека во претстојниот период се очекува и натамошен раст на девизните резерви.

И во проекциите на сите релевантни меѓународни институции се посочува дека нивото на девизните резерви на нашата земја е и ќе остане адекватно и дека на ниту еден начин нема да биде загрозена стабилноста на денарот. Неодамна, во текот на мај, двете најугледни светски агенции за кредитен рејтинг – „Стандард и Пурс“ и „Фич“, во основа задржувајќи го досегашниот кредитен рејтинг на земјата, истовремено потврдија и дека нема опасности за стабилноста на девизниот курс на нашата домашна валута – велат од Народната банка на Република Македонија.

Стабилноста на девизниот курс на денарот била, е и ќе остане наш приоритет и таа е загарантирана – тврдат од НБРМ.