Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

„Фаталната“ прилепчанка која ги ограбува своите интимни пријатели се уште на слобода ?!

Фаталната 49-годишна прилепчанка, со иницијали Л. В., која деновиве ја бранува македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фаталната 49-годишна прилепчанка, со иницијали Л. В., која деновиве ја бранува македонската јавност, откако некои од нејзините поранешни интимни пријатели се охрабрија јавно да проговорат за тоа како станале жртви на нејзините измами и кражби на поголеми суми нивни пари, според информациите до кои дојде Алфа, веќе шест години не е непознат лик  за органите на прогонот.

„Таа во моментов има две активни кривични пријави. Едната, датирана од 2014-та година за „кражба на мобилен телефон од стан“, а втората е од пред две години за „измама и злоупотреба на платежна картичка“ од своја блиска, повозрасна роднина“, дознаваме од наши полициски извори.

Но, и покрај ова, според истиот наш извор, оваа жена се уште е на слобода, непречено продолжувајќи ја својата веќе разработена шема за „лов“ на поситуирани и очигледно, понаивни партнери, од кои, откако ќе ги ограби, заминува без трага и глас. Озлогласената прилепчанка ја нема ниту во нејзиниот дом во Прилеп, од кој откако пред неколку години починал нејзиниот  втор сопруг, таа била избркана од неговите роднини. Тука, сега живеат нејзиниот син, посиникот и свекорот. Соседите, кои од почит кон семејството, не сакаа да зборуваат во камера, зад камерата не го криеа своето чудење зошто таа се однесувала така кога никогаш, како семејство, не биле во лоша финасиска состојба. Дури, издавале и дуќани под кирија. Ја опишуваат како жена која луѓето ги „фаќала“ на емоции, со плачки и измислени, емотивни приказни. Еден од соседите вели дека за малку и тој ќе станел жртва на нејзините измами, за извесна бизнис-зделка, но благодарение на разбирањето на нејзиното семејство, тој поминал неоштетен. Според соседите, се побројни биле и луѓето кои зачестено доаѓале кај семејството од кое си ги барале своите пари, што особено срамно и тешко им паѓало на нејзините веќе возрасни деца.

Реклама

За овој случај побаравме одговор и од прилепското ОЈО, меѓутоа оттаму ни беше речено дека заради Короната, Обвинителството се уште е затворено за странки,  а најсоодветно за ваквите предмети било тие да се отворат на лице место, како би се избегнале евентуални несакани последици.

Каролина Дурло