Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Свет

Хрватите едвај дочекаа да го испијат утринското кафе, со синџири врзани на омилената маса

Хрватска ги отвори рестораните, кафулињата, трговските центри. Граѓаните едвај дочекаа утринското кафе…

Сподели:

Хрватска ги отвори рестораните, кафулињата, трговските центри. Граѓаните едвај дочекаа утринското кафе да го испијат на омиленото место, со омилениот весник. Хрватските медиуми објавија интересна фотографија од двајца пријатели кои со нетрпение чекале да се отвори нивното омилено кафуле. Кога тоа се случило, седнале на омилената маса и со синџири се врзале зa неа „за никој да не може да ги исфрли ако дојде до повторно затворање на угостителеските објекти“.

Околу стотина хотели во моментов се продаваат на северот на Грција. Корона кризата го погоди туризмот па така големи угостителски објекти можат да се најдат за ниски цени.

Во Европа започа долготрајниот процес на укинување на рестрикциите наметнати поради коронавирусот, но истовремено се појавија нови случаи на заразени во Вухан, по повеќе недели без новозаразени, што укажува на опасност од втор бран на епидемијата.

Реклама

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека благодарение на рестриктивните мерки, во земјата е спречена катастрофа.

Би било лудост да отфрлиме сè што постигнавме и да дозволиме уште еден удар. Мора да останеме будни. Мора да продолжиме да го контролираме вирусот и да спасиме животи. Не е време неделава да се укинат мерките за карантин. Наместо тоа, ќе ги преземеме првите претпазливи чекори – изјави Борис Џонсон.

На Французите по осум недели нема да им треба дозвола за излегување од дома, се отвораат основните училишта и некои дуќани, вклучувајќи ги фризерските салони. Баровите, рестораните, кината и театрите засега остануваат затворени.

Мадрид и Барселона остануваат во карантин додека во остатокот од Шпанија на луѓето ќе им биде дозволено да се среќаваат во кафулиња и ресторани на отворено.

Данска го прави следниот чекор во олеснувањето на мерките, па од денеска ги отвора и трговските центри, додека во Полска почнуваат да работат хотелите, иако странските туристи прво ќе мора да одат во 14-дневен карантин.

Во Швајцарија се отвораат основните училишта со редуцирани класови, додека рестораните, книжарниците и музеите ќе можат да работат со одредени ограничувања.