Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Алфа сторија: Шестчлено семејство оставено без скршен денар и без струја- по 20 години ги скинаа партиските книшки од СДСМ

Јас само едно ќе кажам, срамота и брука, нели ќе се боревме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јас само едно ќе кажам, срамота и брука, нели ќе се боревме за живот во Македонија, вели Гордана Ѓорѓиевска

Со солзи во очите Гордана Ѓорѓиевска пред камерата на Алфа раскажува дека во време на корона кризата, за семејството Ѓорѓиевски Ковид 19 е најмалиот проблем, за нив проблем е како да се мине денот без скршен денар и без струја, како да се нахранат и облечат четирите малолетни деца, кои за жал деновите ги минуваат во стара скината и излитена гардероба, но сепак со детска и невина насмевка на нивните лица.

Во куќата во скопското село Раштак живее брачниот пар Ѓоргиевски со своите четири малолетни деца. Тие веќе година и пол иако невработени се оставени на милост и немилост, немаат земено никаква финансиска помош од државата, а од пред три месеци во 21 век се останати и без струја.

Реклама

Најголем проблем во овие моменти има седумгодишниот син на Ѓорѓиевски, Давид, кој во време кога наставата не се одржува во училиштата, туку онлајн, нема како да учи заедно со сите свои другарчиња, бидејќи неговиот дом е останат без струја.

-Ја посетуваа додека ни работеше агрегатот, од некни го извадив моторот на агрегатот. Без струја не оставија Три месеци, ни го земаа броилото, вели Драги Ѓорѓиевски.

Од почетокот на 2019 година, немаат земено ниту денар од државата, повеќе пати аплицирале, но секогаш биле одбивани. Не се постапува ниту по последната жалба која ја поднеле. А и она што требале да го добијат овој месец, односно еднократна парична помош од 4.500 денари, не ја добиле, парите им биле одземени од извршител, иако Владата кажа дека извршителите во периодот на корона кризата нема да смеат да земаат пари од граѓаните.

-Повеќе од три месеци немаме никаков одговор, по фиоки стојат нашите жалби. Значи тоа е срамота што се прави на сопствениот народ, од сопствената држава, вели Ѓорѓиевски.

Она што посебно го боли брачниот пар Ѓорѓиевски е што од партијата СДСМ, во која што се членови повеќе од 20 години, не добиле никаква помош, иако тоа им било ветувано. Пред камерата на Алфа решија да ги скинат партиските книшки.

-Не заслужуваат да сме нивни членови и затоа сега ќе ја скинам книшката, не заслужувате да бидеме ваши членови, порачува Ѓорѓиевска.

-Четири малолетни деца да трпат и страдаат, нема потреба да сме ваши членови, низ солзи порача и Ѓоргиевска.

Семејството Ѓорѓиевски велат дека во овие тешки мигови за нив единствената помош доаѓа од донациите на невладината „Подај рака за спас- ЕИР“ и Мери Николова Буџаку. Покрај донациите во храна, од таму се обезбедиле средства за реновирање на дел од нивниот дом, како би можеле колку толку да им се нормализираат условите за живот.

Матеја Петровски