Реклама

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лозани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Економија

Севдински за Алфа: Итно да се донесат измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции

Повеќе од 50 милиони евра ќе изгубат производителите на канабис за медицинска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 50 милиони евра ќе изгубат производителите на канабис за медицинска употреба, ако Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и натаму се влечка во Собранието. Како што алармираат здруженијата, мора итно да се донесат законските измени зашто веќе складираниот цвет од канабис почнувал да им скапува. Велат дека Законот е во интерес на компаниите – производители исклучиво за медицинска употреба и извоз.

– Несфатливо е како пратениците на опозицијата не ги гледаат придобивките од работењето на индустријата која на дневно ниво се развива во светот и добива се поширок размер во лекувањето на тешко излечливите заболувања каде класичната медицина не покажува големи резултати, истакна денеска членот на Управниот одбор на „Макканабис“, Јане Севдински, во врска со Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстаниции.

Чекаме да се измени законот за Канабис за да донесеме уште многу милиони во оваа мала, но вредна земја, вели еден германски инвеститор, кој сака бизнисот да го прошири во Македонија.

Реклама

– Донесувањето на овој закон ќе ја позиционира Македонија како сериозен играч на светскиот пазар на канабис и тоа ќе создаде поголем интерес за странските инвеститори. Инвеститорите чекаат да се измени законот за да донесат уште многу милиони во оваа мала, но вредна земја. Сега не е можно да се учествува на меѓународниот пазар на наркотици, бидејќи стариот закон не ги исполнува условите, рече Филип Маркс, инвеститор од Германија.

И дел од македонските бизнисмени алармираат час поскоро Законот да добие „амин“, зашто не било фер да се влечка со години.

Ако не бидат донесени измените на законот, повеќе од 740 вработени во оваа индустрија ќе останат на улица, а дополнително и државата ја губи можноста за значаен девизен прилив кој ќе го обезбеди извозот на цветот од канабис за производство на масло за медицинска употреба.

Борис Грујоски